Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Октябрь
2019

Новости за 28.10.2019

Спасовски - Борбата против организираниот криминал е предизвик на 21 век

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека борбата против организираниот криминал бара нови форми на соработка и дејствување на меѓународно ниво. Тој во обраќањето на семинарот „Меѓуресорска соработка во справување со насилен ектремизам и борба против тероризам“, рече дека борбата против овој вид на криминал е предизвик на 21 век, а безбедносните закани со кои се соочува земјата се слични и во земјите во регионот, но и во ЕУ и САД, што наложува и нови форми на соработка и дејствување на меѓународно ниво. Читать дальше...

Западен Балкан глув на алармот за дезинформации

SlobodnaEvropa.mk 

Годинава бројот на руски дезинформации во Западен Балкан, а со тоа и во Македонија, се удвоил, иако 2019 беше означена за година на борба против дезинформациите, а Европарламентот дури изгласа и резолуција како предупредување. Но, остана ли некој глув на овие предупредувања?



Билт: Франција ја турка ЕУ кон стратегиска катастрофа

SlobodnaEvropa.mk 

„Нема сомнение дека Брегзит е стратегиска катастрофа за Европската унија. Но, се чини дека малкумина разбираат дека ЕУ се движи кон друга стратегиска катастрофа – овој пат на Балканот“, оценува поранешниот шведски премиер и специјален пратеник на ЕУ за поранешна Југославија, Карл Билт, во колумна за „Вашингтон пост“. „Франција стави вето на отворањето на пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија, наспроти повторената позитивна препорака на Европската комисија и волјата на другите земји-членки. Читать дальше...

Ердоган: Смртта на Ал Багдади – пресвртница во борбата против тероризмот

SlobodnaEvropa.mk 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган оцени дека смртта на водачот на терористичката Исламска држава Абу Бакр ал-Багдади е пресврт во заедничката борба против тероризмот. Ердоган на Твитер објави дека Турција платила висока цена во борбата против тероризмот, вклучително и против курдските борци од редивите на Силите за заштита на народот во Сирија. Тој додаде дека Турција ќе продолжи да ги поддржува напорите за борба против тероризмот.

Почувствуван земјотрес во Струга, епицентарот во Албанија

SlobodnaEvropa.mk 

Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван вечерва во Струга и околината. Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет, соопшти дека земјотресот е регистриран во18 часот и 39 минути. Бил со Рихтерова магнитуда од 2,5 степени и со епицентар на 157 километри југозападно од Скопје, во соседна Албанија.

Убиството на Багдади не значи и крај на ИД

SlobodnaEvropa.mk 

Поголем број светски лидери ја поздравија американската акција во Сирија во која загина лидерот на екстремистичката Исламска држава Абу Бакр ал Багдади. Експертите со оценка дека иако станува збор за клучен момент, сепак тоа не значи и крај на терористичката Исламска држава. Трамп пак дома се соочува со критики.

Бугарската владејачка партија води на локалните избори

SlobodnaEvropa.mk 

Првичните резултати од вчерашните локални избори во Бугарија покажуваат дека владејачката партија ГЕРБ ќе ја задржи доминацијата, но со помала поддршка отколку пред четири години. Во Софија, сегашната градоначалничка Јорданка Фандaкова ќе мора, за да се избори за петтиот нејзин мандат, да излезе на вториот круг против Маја Манолова, независна кандидатка која е поддржана од неколку опозициски партии. Таа доби околу 100.000 помалку гласови од минатите избори. Пред четири години ГЕРБ победи во 22 од 28 региони, од кои во 11 уште во првуот круг.

Заев: Проширувањето на ЕУ заедно со промена на методологијата

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев во порака објавена на неговиот Фејсбук профил вели дека има доволно аргументи да се убеди францускиот претседател Емануел Макрон дека проширувањето на ЕУ може да оди заедно со промената на методологијата на преговарачкиот процес за прием на нови земји членки. „Ние не сме само стратешки интерес, ние сме Европа. Тоа значи дека ќе станеме полноправна членка на ЕУ откако целосно ќе се реформираме внатре, а за тоа ќе ни помогне пристапниот процес и затворањето на поглавјата“, наведува премиерот Заев.

Времето денеска: сончево и топло

SlobodnaEvropa.mk 

Ќе биде сончево и топло со слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде од минус три до седум, а дневната од 22 до 28 степени. Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде околу три, а дневната ќе достигне до 24 степени.



Москва

Московский аэропорт Домодедово и Всероссийское общество инвалидов заключили соглашение о сотрудничестве


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Сергей Собянин: Активно укрепляем отношения с Китаем



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Григорий Лепс

StarHit: Лепс приехал на премию МУЗ-ТВ с невестой, 18-летней студенткой МГИМО




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

В Лужниках состоялась церемония открытия Всероссийской Спартакиады Специальной Олимпиады

В УФСИН России по Республике Дагестан прошли лично-командные соревнования по легкой атлетике

Красногорск первым встретил участников международного супермарафона Москва-Минск


WTA

Саснович победила на старте квалификации турнира WTA-500 в Берлине



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Москва

За прошедшую неделю подмосковные росгвардейцы обеспечили безопасность более 200 мероприятий



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России