Мы в Telegram
Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Декабрь
2019

Новости за 24.12.2019

Моралес: Ќе се вратам во Боливија за една година

SlobodnaEvropa.mk 

Сменетиот лидер на Боливија, Ево Моралес, кој е во егзил во Аргентина, изјави дека планира да се врати во Боливија до следниот Божиќ. „Од безбедносни причини, не можам да зборувам детално за планот што го имам за враќање во Боливија. Но, човек мора да се врати во својата земја“, вели Моралес во интервју за Ројтерс. Моралес кој во моментот е во Буенос Аирес, вели дека и помага на својата партија да се подготви за претстојните специјални избори. Членовите на неговата партија „Движењето за социјализам“... Читать дальше...

Вашингтон ќе ги повлече своите трупи од западна Африка

SlobodnaEvropa.mk 

Соединетите држави планираат значително да го намалат своето воено присуство во Западна Африка, дури и да ги повлечат своите антитерористички трупи од областа, објави Њујорк Тајмс, повикувајќи се на американски официјални лица. Според весникот, за ова прашање се расправа во Министерството за одбрана на САД во рамките на општите планови за прераспределба на американските трупи и нема да биде донесена одлука пред јануари. Американскиот министер за одбрана Марк Еспер сака да направи измени во распоредувањето... Читать дальше...

Турски воени авиони го повредиле грчкиот воздушен простор

SlobodnaEvropa.mk 

Турски воени авиони, без претходно да достават план за летање, го прекршиле грчкиот воздушен простор, прелетувајќи три пати над еден остров и над други два острови, објавија грчките медиуми. Тие коментираат дека Турција го прекршила неформалниот мораториум на прелетувањата за време на големи празници, со оглед на тоа дека во Грција утре се слави Божиќ, јави дописничката на МИА од Атина. Во сите случаи турските авиони биле препознаени и пресретнати од грчките воени авиони, како што е пракса во ваквите случаи, согласно меѓународните правила.



Лустрацијата се поништува

SlobodnaEvropa.mk 

Владата на денешната седница го усвои предложеното законско решение на Министерството за правда со кое одлуките од лустрацијата и правните последици ќе станат ништовни. Станува збор за Предлог–закон за огласување ништовност и поништување на правни акти, дејствија, мерки и правни последици од постапките за лустрација. Министерството за правда соопшти дека по сила на овој закон во целост стануваат ништовни сите правни акти, дејствија и мерки донесени односно преземени од Комисијата за верификација на фактите и други надлежни органи. Читать дальше...

Министерство за култура: Постигната начелна согласност за нов колективен договор

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за култура Хусни Исмаили и националниот координатор за развој на култура во Владата Роберт Алаѓозовски, на денот на штрајкот во културата, одржаа средба со Работната група и со претставниците од СКРМ и СОНК. На средбата била постигната начелна согласност за усвојување на новиот колективен договор во културата, текст кој е усогласен со барањата на двата репрезентативни синдикати. „Имајќи ги предвид буџетските средства на Министерството за култура за 2020 година, од страна на Министерството... Читать дальше...

Вулин: Нема да влеземе во НАТО, догодина воена вежба со Кина

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за одбрана на Србија Александар Вулин денеска изјави дека Србија нема да влезе во НАТО, додека Александар Вучиќ и ова парламентарно мнозинство ја предводат земјата. „Ние соработуваме со НАТО, но соработуваме и со ОДКБ (Организација на договори за колективна безбедност која ја сочинуваат поранешни земји на СССР) кои не бараат од нас да се откажеме од дел од нашата територија“, рече Вулин во српскиот парламент. Исто така тој ја најави првата воена вежба со Кина за следната година. "Ќе имаме воена вежба со Кина следната година. Читать дальше...

Трамп најави набрзо потпишување на трговскиот договор со Кина

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека тој и кинескиот претседател Си Џинпинг наскоро ќе одржат церемонија за потпишување на првата фаза од трговскиот договор САД-Кина, за што се согласија на почетокот од овој месец. "Да, кога конечно ќе се собереме, ќе имаме забрзана церемонија затоа што сакаме да го завршиме ова. Постигнат е договор, тој е само во процес на превод", рече Трамп. Американскиот трговски претставник Роберт Лајдизер на 13-ти декември изјави дека претставниците од обете... Читать дальше...

Неизвесна средбата на Курти и Мустафа за идната косовска влада

SlobodnaEvropa.mk 

Средбата на лидерите на Движењето Самоопределување и Демократскиот сојуз на Косово, Албин Курти и Иса Мустафа, која беше најавена за попладнево, се уште не се одржала и неизвесно е дали до неа воопшто ќе дојде денеска, јави дописникот на МИА од Приштина. Во меѓувреме Мустафа свика состанок на раководството на ЛДК, по кој изјави дека очекува повик од Курти, не изнесувајќи други детали. Двете досега опозициски партии од порано објавија дека се договориле за програмата на идната заедничка влада... Читать дальше...



МОСТ - Собранието е потранспарентно, но има уште предизвици

SlobodnaEvropa.mk 

Забележано е подобрување на транспарентноста на Собранието, но и покрај тоа Парламентот треба да надмине уште неколку предизвици, стои во препораките на Граѓанската асоцијација МОСТ за работата на Собранието. Предизвиците се поврзани со измени на Деловникот и Законот за Собрание, начинот на подготвување и објавување на документите кои ги продуцира Собранието, техничките капацитети, финансиските и човековите ресурси и веб-страницата на Собранието со цел да се овозможи зголемување на транспарентноста на уште повисоко ниво. Читать дальше...

Влада - Не се увезува и не се согорува опасен отпад

SlobodnaEvropa.mk 

Граѓаните треба да бидат спокојни, имајќи го предвид фактот дека увозот/извозот и транзитот на отпадот е строго контролирана процедура и дека ниту една пратка на отпад не може да помине на граничен премин без соодветна проверка, стои во денешното соопштение од владиниот Сектор за односи со јавноста. Тие реагираат на пишувањата дека се увезува, складира и согорува опасен отпад во државата. Медиумите пренесуваа пишувања на граѓани на социјалните мрежи, кои обвинуваат дека Цементарница УСЈЕ ги труе скопјани со горење увезен опасен отпад. Читать дальше...

Нема бегање од избори на 12 април?

SlobodnaEvropa.mk 

Избори на 12 април ќе има, оти партиите се договорија така, коментираат од партиите, по изјавата на премиерот Зоран Заев дека изборите може и да се одложат, доколку во Собранието не се донесат суштинските закони кои се значајни за животот на граѓаните. Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Jанушев вели дека избори ќе има и дека веројатно Заев го фаќа паника и се обидува на секој можен начин да проба да ги одложи изборите. Изборите се договорни од сите политички субјекти на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски... Читать дальше...

Русија го продолжи притворот за поранешниот американски маринец обвинет за шпионажа

SlobodnaEvropa.mk 

Судот во Москва денеска го продолжи притворот на поранешниот американски маринец Пол Вилан за уште три месеци. Тој останува во притвор до 29 март, по обвинение за шпионажа. Пресудата на судот доаѓа еден ден откако еден висок американски дипломат апелираше до руските власти да го ослободат Вилан. Заменик шефот на американската мисија Барт Горман, по посетата на Вилен во притворот, рече дека нема докази и нема криминал во неговиот случај. Валан кој има британско, американско, канадско и ирско државјанство... Читать дальше...

Нов обид за формирање косовска влада

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерите на партиите победнички на парламентарните избори во Косово денеска повторно ќе се сретнат во обид да договорат нова влада на Косово. На изборите кои се одржаа на 6 октомври победи Движењето Самоопределување (ВВ) на Албин Курти, а второпласирана е партијата Демократски сојуз на Косово (ЛДК), Иса Мустафа. Средбата треба да се одржи во Собранието на Косово. Двете досега опозициски партии од порано објавија дека се договориле за програмата на идната заедничка влада, која ќе ја води Курти... Читать дальше...

Во руски воздушни напади во Сирија убиени најмалку осум луѓе

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку осум луѓе, меѓу кои и пет деца, загинаа во воздушните напади од страна на руските сили во северозападна Сирија. За време на воздушните напади било погодено засолниште на раселени цивили во село во провинцијата Идлиб, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права. Руските сили му пружаат поддршка на сирискиот претседател Башар ал Асад. Сириските владини сили со руска поддршка од воздух минатата недела започнаа нова офанзива против последното бунтовничко упориште во земјата, што предизвика... Читать дальше...

Престрелки меѓу познати криминалци, полицијата пасивна

SlobodnaEvropa.mk 

По пукањето кај населбата Бардовци, од МВР велат дека станува збор за пресметки на криминалните групи и луѓе кои се познати на јавноста. Упатените велат дека поврзаноста со партиите е една од причините што криминалци се шетаат на слобода. Тие додаваат дека нарко бизнисот е многу развиен.

Тонат случаите на СЈО, некои со умисла, некои од неспособност

SlobodnaEvropa.mk 

Мандатот на поротнички доведува во ризик 5 предмети на СЈО за враќање на постапката отпочеток. Судскиот совет е на потег да пресече дали случајот ТНТ набрзо ќе заврши со пресуда или судењето ќе се врати од почеток. Вината во одолговлекувањето на судските постапки треба да се бара во сите инволвирани во нив, вели поранешниот јавен обвинител Јован Трпеновски.

Полициските „алфи“ престанаа да постојат

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес-конференција потврди дека се спојуваат единицата за прв одговор „Алфа“ и единицата за Јавен ред и мир во посебна интервентна единица. Тој рече дека се прави нова реорганизација во МВР, а фузијата на двете единици е по примерот на повеќе европски земји, чија крајна цел е да има поголема видливост и активност на луѓето на терен. До петок ќе се знае кој ќе раководи со новата единица. Единицата „Алфи“ беше формирани во 2005 година, со цел борба против уличниот криминал.

Ивановска - Јавното обвинителство сè уште работи под притисок

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателката на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) Билјана Ивановска смета дека Јавното обвинителство сè уште работи под притисок. Таа вели дека тоа се должи на две причини – првата е што за некои предмети сè уште нема одговори, а втората е дека за некои предмети, пак, добиваат многу брзи одговори. Тоа, како што рече, упатува дека има различни нарачки.Таа одговараше на новинарско прашање во однос на тоа колку се задоволни од постапката на Обвинителство кога упатуваат препораки да се поведе кривична одговорност на некој. Читать дальше...

Заев - Можно одложување на изборите ако не се донесат битните закони

SlobodnaEvropa.mk 

Изборите може и да се одложат, доколку во Собранието не се донесат суштинските закони кои се значајни за животот на граѓаните, изјави денеска премиерот Зоран Заев. Тој вели дека сепак не го посакува тоа. „Сто пати сум кажал досега дека изборите не треба да се одложуваат, но истовремено должност пред се граѓанска и политичка е да не дозволиме било што да ја закочи реализацијата на она што значи интерес на граѓаните“, рече денеска Заев на прес-конференција во Владата, одговарајќи на новинарско прашање... Читать дальше...


Музыкальные новости
Булат Окуджава

Телеведущего Урганта исключили из концерта памяти Окуджавы "Заезжий музыкант"





Rss.plus
Мультфильм

Мультфильм «Пушистый вояж» выйдет в прокат при поддержке Детского радио




Владимир Путин назначил врио губернаторов некоторых регионов страны

Семьи со всего Уральского федерального округа приняли участие в конкурсе «Это у нас семейное»

Игрок "Спартака" Маслов заявил, что команда провалила сезон

В метро Москвы показали балет




Зошто приватните фирми би сакале да го вработат вишокот од јавниот сектор?

SlobodnaEvropa.mk 

Владата работи на пакет-мерки што ќе им ги понуди на вработените од јавниот сектор, кои ќе бидат идентификувани како прекубројни, за да заминат во приватни фирми. Сепак, се наметнува прашањето зошто приватните фирми би сакале да ги вработат овие луѓе кои и за државата се вишок.

МВР за шверцот на кокаин - Стојановска помагала

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на прес-конференција изјави дека македонската полиција во соработка со меѓународните партнери од Шпанија и САД прекинала шверц на дрога. Станува збор за апсењето на 18 овој месец, кога за шверц на 700 килограми кокаин од Колумбија до Шпанија, уапсени се пет луѓе, а по две се трага. Дрогата е запленета во Шпанија, а се проценува дека нејзината вредност на пазарот би достигнала 20 милиони евра. Во рамки на оваа истрага беше уапсена и актерката Силвија Стојановска... Читать дальше...

Трајковски повторно не дојде на судењето на „ТНТ“

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот градоначалник на Општина Гази баба, Тони Трајковски, кој е третообвинет во случајот „ТНТ“, и денеска не дојде на судењето. Неговиот адвокат Јовица Страшковски, информираше дека неговиот клиент повторно е во болница, по повредите со кои се здобил откако бил нападнат од две лица. Адвокатот вели дека Трајковски тешко зборувал и бил дезоринетиран. Трајковски не дојде ниту на вчерашното судење, па Судот нареди тој за денешното рочиште стражарно да биде спроведен. Но откако адвокатот дал поднесок... Читать дальше...

Грција го одложи екстрадирањето на руски сајбер измамник

SlobodnaEvropa.mk 

Адвокатот на рускиот државјанин 40 годишниот Александар Виник кој е осомничен за проневера на милијарди долари во дигиталната валута биткоин изјави дека неговата екстрадиција од Грција во Франција била одложена. Виник кој е во затвор во Грција веќе две години, деновиве почна да штрајкува со глад откако бил известен дека ќе биде екстрадиран во Франција. Виник е еден од седумтемина Руси уапсени ширум светот кои се осомничени или осудени за сајбер криминал. Виник главно делувал во Франција.

Џонсон: згрешив дека е можно ресетирање на односите со Русија

SlobodnaEvropa.mk 

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека погрешил во врска со Русија и оти веќе не верува дека е можно ресетирање на односите со Москва поради многуте разлики што ги делат двете земји. „Сакаме да имаме подобри трговски односи, но тие се разочарувачки бидејќи имаме страшни проблеми“, рече тој, наведувајќи дека како и многу други луѓе во Западна Европа се надева дека сепак се можни добри односи со Русија.

Министерот за внaтрешни работи на РС удрил пратеник

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за внатрешни работи на Република Српска Драган Лукач го удрил на синоќешната седница на Собранието на Република Српска пратеникот на опозиската Партија на демократски прогрес Драшко Станивуковиќ. Претходно министерот рекол дека никој нема право во собранието да шета со знаменца на НАТО. Тој најпрвин му се заканил на Станивуковиќ по што му удрил шлаканица, раскрвувајќи му ја усната.



Москва

Эксперт Президентской академии в Санкт-Петербурге о роли несырьевого экспорта в российской экономике


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Собянин сообщил о планах благоустройства на северо-востоке Москвы



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Концерт

Концерт в музее имени П.И. Чайковского




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

Звезды спорта. Кто они такие и почему их так называют?

В Подмосковье сотрудники ОМОН «Русич» Росгвардии приняли участие в церемонии открытия соревнований по дзюдо среди детей и подростков

Инсайты, стратегии и нетворкинг для профессионалов: 21 июня пройдет ежегодный форум «Спорт и Бизнес»


WTA

Виктория Азаренко пробилась в четвертьфинал турнира WTA в Риме



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Армения

В Армении прошел крупнейший на постсоветском пространстве «Бессмертный полк». Видео. Фоторяд



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России