Мы в Telegram
Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Декабрь
2019

Новости за 06.12.2019

Најмалку пет загинати во експлозија на зграда во Словачка

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку пет лица загинаа во денешната експлозија на гас во 12-катна зграда во словачкиот град Прешов. Според првичните извештаи, евакуирани се сите лица од објектот поради стравување дека зградата може да се урне. Во спасувачките операции учествува и војската со шест хеликоптери, јави „Ројтерс“. Градоначалничката на Прешов, Андреа Турцанова, изјави дека има голем број повредени во најголемата трагедија во градот во последните 50 години. Голем е бројот и на оние што останале без покрив над главата.

Венецијанска комисија препорача преиспитување на законот за јазиците и напуштање на двојазичноста во судските постапки

SlobodnaEvropa.mk 

Венецијанската комисија во мислење усвоено денеска, ги повикува властите на Северна Македонија да го преиспитаат Законот за употреба на јазиците преку консултации со сите засегнати страни, јавува дописникот на МИА од Стразбур. Според соопштението, правните експерти на Советот на Европа подвлекуваат дека во споредба со законодавството од 2008 година, новиот закон значително ја проширува употребата на албанскиот јазик и во многу аспекти ги надминува европските стандарди утврдени со Рамковната конвенција... Читать дальше...

Одложена е депортацијата на босанските државјани од Сирија

SlobodnaEvropa.mk 

Планираната депортација на босанските државјани од Сирија за викендов ќе биде одложена поради „ненадејни и непредвидени околности во Сирија“, соопшти Министерството за безбедност на БиХ. „Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина ги направи сите подготовки за прием на босанските државјани повратници од Сирија, односно првата група на жени и деца, во согласност со претходните заклучоци на Претседателството на БиХ и на Советот на министри на БиХ“, се вели во соопштението од министерството. Читать дальше...



Уставноста на аболициите и Самитот на НАТО - доминатни теми во медиумите

SlobodnaEvropa.mk 

Дали е уставна или не амнестијата од поранешниот претседател на државата, Ѓорѓе Иванов? и учеството на премиерот Заев на Самитот на НАТО во Лондон се темите кои се во фокусот на медиумите.

Тројца мртви во напад врз воена база на Флорида

SlobodnaEvropa.mk 

Три лица загинале, а најмалку седум други се повредени во напад што се случил во поморската воздушна база во Пенсаколa, Флорида, соопштија властите. Шерифот на округот Ескамбија соопшти дека денеска се случила ситуација со „активен стрелец“, а неколку минути откако вооружениот бил забележан, бил и убиен. Портпаролот на Белата куќа изјави дека претседателот Доналд Трамп бил информиран за нападот и дека будно ја следи ситуацијата. Ова е втор смртоносен напад врз американската воена единица во последните седум дена. Читать дальше...

Пратениците го одбија барањето за апанажа на Јанева

SlobodnaEvropa.mk 

Членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата едногласно го одбија барањето за апанажа на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, осомничена во случајот „Рекет“. На попладневното продолжение на седницата беше констатирано дека, од формално правен аспект, не постојат причини за прифаќање на барањето бидејќи таа не е избрана од Собранието. Членовите на комисијата се согласија дека барањето на Јанева за апанажа е дрскост, додавајќи дека треба сепак да се почитува правото на пресумпција на невиност.

Димитров: Без никакви дилеми заслуживме почеток на преговорите

SlobodnaEvropa.mk 

Со оглед и на историските и храбри исчекори во надминување на сензитивни билатерални прашања, земјата без никакви дилеми го заслужи почеток на преговорите, изјави денеска во Берлин, министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој учествуваше на конференцијата „Балкански дијалози“ . Во своето обраќање, тој образложи дека Северна Македонија е заинтересирана што е можно поскоро Европската комисија да го изработи и претстави пред земјите-членки својот предлог за подобрување на пристапниот процес. Читать дальше...

МСУ со „Пејзажи на совеста“ за врските помеѓу материјалното и културното загадување

SlobodnaEvropa.mk 

„Пејзажи на совеста“ е насловена изложбата што од 6 до 10 декември се одржува во Музеј на современа уметност во Скопје и која ги истражува врските меѓу материјалното, технолошкото, индустриското и културното загадување. Поставката се реализира во соработка со „Право Људски Филм Фестивал“ од Сараево.



Камчев сценарист и глумец во „Рекет“, Јанева и Јовановски режисери на „Империја“

SlobodnaEvropa.mk 

Судењето за случајот „Рекет“ денеска продолжи со сведочењето на бизнисменот Орце Камчев. Тој обвини дека бил жртва на конструиран и смислен случај за од него да бидат изнудени пари.

Мијатовиќ: Неприфатливо е однесувањето на хрватската полиција кон мигрантите

SlobodnaEvropa.mk 

Комесарката на Советот на Европа за човекови права Дуња Мијатовиќ денеска го критикуваше однесувањето на хрватската полиција кон илегалните мигранти кои доаѓаат од БиХ, а од властите во Сараево побара поодговорен однос кон мигрантите. Мијатовиќ посебно ја критикуваше праксата на т.н. пуш бек, односно туркање на мигрантите назад преку границата. Таа тактика, според неа е кршење на Конвенцијата за човекови права, вклучително и правото на азил и забрана за мачење. „Голем број лекари ми дадоа конзистентни изјави за насилство... Читать дальше...

Барање за изземање на уште еден судија ја одложи оцената на обвинението за организаторите на „27 април“

SlobodnaEvropa.mk 

На денешната седница за оцена на обвинителниот акт за организаторите на настаните во Собранието од 27 април наместо изнесување и образложување на приговорите, одбраната на обвинетите побарала изземање на уште еден судија – член на советот за оценка. Како што информираат од Кривичниот суд, барањето било разгледано, но судот го отфрлил како неосновано. „Решението со кое се одбива барањето за изземње може да се побива со посебна жалба во рок од три дена од донесување на решението, а ако таквото решение е донесено по потврдено обвинение... Читать дальше...

Максим Ацевски предложен за главен државен ревизор

SlobodnaEvropa.mk 

Собраниската Комисија за избори и именувања го предложи економистот Максим Ацевски за главен државен ревизор. Претседателот на Комисијата, Илија Димовски рече дека едногласно одлучиле на Собранието да му предложат економистот од Велес, Ацевски да биде избран за главен државен ревизор. Димовски нагласи дека нема сомнеж дека сите 12 кандидати би биле добар избор, но сепак членовите постигнале согласност за Ацевски. Истакна дека е потребно да се комплетира оваа институција пред изборите, со... Читать дальше...

Во Виена обиди за спас на иранскиот нуклеарен договор

SlobodnaEvropa.mk 

Потписничките на договорот со Иран за нуклеарната програма, денеска започнаа разговори со иранските власти за да се спаси договорот постигнат во 2015. Минатата година договорот го напуштија Соединетите Американски Држави. На денешната средба во Виена учествуваа претставници на Велика Британија, Франција, Германија, Кина и Русија, како и на Иран. Денешната средба доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Западот и Иран. Техеран почна да прекршува дел од договорот, откако Вашингтон се повлече од... Читать дальше...

ОЈО против ослободувањето од притвор на двајца обвинети за несреќата кај Ласкарци

SlobodnaEvropa.mk 

Oсновното јавно обвинителствого обжали решението на Кривичниот суд со кое мерката притвор за две лица обвинети во предметот за сообраќајната несреќа на автобусот на „Дурмо турс“ е заменета со гаранција и определени мерки на претпазливост. Решението на судот се однесува на возачот на автобусот обвинет за кривично дело – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајоти на раководителот на станицата за технички преглед обвинет за кривично дело – тешки дела против безбедноста на луѓето... Читать дальше...

Димовски ќе предложи Јанева да не добие апанажа

SlobodnaEvropa.mk 

Барањето за апанажа на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која е обвинета во случајот „Рекет“, денеска ќе се најде на дневен ред на една од седниците на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Претседателот на Комисијата Илија Димовски изјави дека тој ќе побара на Јанева да не и се додели апанажа бидејќи не е избрано лице. Собранието само ја предложи Јанева, а нејзиниот избор го изврши Советот на јавни обвинители, рече Димовски. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ дополнително посочи... Читать дальше...

Штрајк во Франција – Возовите заглавени, Версај затворен

SlobodnaEvropa.mk 

Транспортот во Франција втор ден е во хаос, а синдикатите се надеваат дека претстои долготраен штрајк против плановите на претседателот Емануел Макрон за реформи на пензискиот систем. Повеќето француски возови, вклучително и метрото во Париз, не сообраќаат, а сообраќајниот метеж се прошири во целата земја. Замокот Версај втор ден е затворен поради штрајкот, а музејот Лувр ги предупреди посетителите да очекуваат одложувања и затворања на галериите. Ајфеловата кула денеска повторно беше отворена по вчерашното затворање... Читать дальше...

Уставниот суд за помилувањето ќе го земе предвид одговорот од Собранието

SlobodnaEvropa.mk 

Уставниот суд за оценувањето на уставноста на Законот за дополнувањето на Законот за помилување ќе го почека и ќе го земе предвид одговорот од Собранието за тој закон, вели претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати. Тој во интервју за МИА вели дека в предвид може да бидат земени и ставовите на другите учесници во постапката, како на пример на Владата. Мурати вели дека оценување на уставноста на Законот за дополнување на Законот за помилување, е во втора фаза. Тоа значи дека Судот со одлучувањето... Читать дальше...

Грција организира средба во Брисел меѓу ЕУ членките и Скопје и Тирана

SlobodnaEvropa.mk 

Грција в понеделник организира работен појадок во Брисел, на кој ќе учествуваат шефовите на дипломатиите на земјите членки на унијата и на министрите за надворешни работи на Северна Македонија и на Албанија. Состанокот е корисна можност за плоден дијалог и зајакнување на европската перспектива на двете земји, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција, Александрос Гениматас на денешниот редовен брифинг со новинарите. Тој рече дека досега над 18 шефови на дипломатиите на земјите членки на ЕУ го потврдиле присуството. Читать дальше...

Меркел во прва посета на Аушвиц како канцелар

SlobodnaEvropa.mk 

Германската канцеларка Ангела Меркел за првпат откако е на својата функција го посети меморијалниот споменик на жртвите од холокаустот Аушвиц Биркенау во нацистичкиот логор Аушвиц. Таа 14 години е германски канцелар. Меркел и полскиот премиер Матеуш Моравиецки положија комеморативни венци на „Ѕидот на смртта“, каде биле убиени илјадници луѓе. Меркел донираше 60 милиони евра за зачувувањето на местото што нацистите го претвориле во најголемиот логор на смртта. Половина од парите се донација од сојузната влада на Германија... Читать дальше...


Музыкальные новости
Баста

Брейн присоединился к СКА. Баста выложил фото с ним: «Приветствуем Сергея в нашей большой семье»





Rss.plus
Google

OpenAI готовит конкурента поисковику Google, но на базе ИИ




Посол Германии вернется в Москву

В столичных отделениях Соцфонда перестали выдавать СНИЛС

Ecoplatform и Самолет продолжат свою совместную экологическую инициативу

Как редакция PEOPLETALK готовится к лету




МВР и ДИК со спротивставени ставови за гласачите од Пустец

SlobodnaEvropa.mk 

ДИК и МВР излегоа со различни тврдења околу гласачите од Пустец. За МВР тие не се повеќе дел од новиот избирачки список, додека за ДИК сосема е можно да има дел од нив се уште во списокот, заедно со одреден број на починати лица, кои не се во мера што може да го наруши избирачкит процес.

Украинскиот претседател Зеленски на прва средба со Путин

SlobodnaEvropa.mk 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во понеделник во Париз, ќе учествува на самитот со Русија, Франција и Германија, на кој очекува да се сретне со рускиот колега, Владимир Путин. Ова ќе биде негова прва средба со Путин, а очекувањaта се дека на неа може да биде постигнат договор за траен прекин на огнот во источна Украина, каде што владините сили се борат со сепаратистите, подржани од Русија. Поранешниот комичар, кој од април ја презеде претседателската функција во Украина, најави дека решавањето на крвавиот конфликт... Читать дальше...

Камчев тврди дека е жртва на смислен план од Боки 13, Стефанова и Јанева

SlobodnaEvropa.mk 

Бизнисменот Орце Камчев, на денешното сведочење за случајот „Рекет“, обвини дека бил жртва на конструиран и смислен случај од првообвинетиот Бојан Јовановски, познат како Боки 13, реализиран преку обвинителката Лиле Стефанова, а по наредба на второобвинетата во случајот, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева. Според Камчев случајот „Империја“, во кој тоа е осомничен, бил покренат со цел од него да се изнудат пари. Тој вели дека Јанева побарала осум милиони евра за да го ослободи или... Читать дальше...

Грција го протерува либискиот амбасадор поради турско-либискиот договор

SlobodnaEvropa.mk 

Грција најави дека ќе го протера амбасадорот од Либија во земјата. Причината за ваквиот потег е тоа што Либија и Турција потпишаа договор на 27 ноември со кој се исцртува морската граница меѓу двете земји во близина на Крит. Амбасадорот Мохамед Јонис АБ Менфи има 72 часа да ја напушти земјата, соопшти грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас на брифинг со новинарите. Дендиас го нарече турско-либискиот договор „бесрамно кршење на меѓународното право. Грција и Турција не се согласуваат... Читать дальше...

ЕУ- Правосудните реформи главен приоритет на Албанија

SlobodnaEvropa.mk 

Амбасадорот на ЕУ во Тирана, Луиџи Сореца, го поздрави изборот на Олсиан Чела за генерален државен јавен обвинител и изборот на членовите на Високиот судски совет (КЕД). Тој на Твитер наведува дека спроведувањето на реформите во правосудството останува главен приоритет на Албанија на нејзиниот пат кон интеграцијата во ЕУ. Вчера Парламентот го избра Чала за генерален државен обвинител, со 101 глас „за“. Во меѓувреме формиран е и Високиот судски совет(КЕД) кој брои девет члена, а за прв човек на институцијата е избран Ардиан Дворани... Читать дальше...

Каква порака испраќа агресивната младина?

SlobodnaEvropa.mk 

Според експертите агресивното однесување на средношколците е сплет на неколку фактори, воспитувањето на родителите, образовниот процес и медиумското влијание. Упатените велат дека децата кои тоа го прават сакаат да пратат порака дека им треба повеќе внимание како од родителите, така и од професорите



Москва

Стартовал финальный этап всероссийского футбольного турнира «Будущее зависит от тебя»


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Собянин: Московскому метрополитену исполнилось 89 лет



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Григорий Лепс

Дочь популярного певца Инга Лепс стала украшением нового сериала «Игры»




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

В Подмосковье сотрудники ОМОН «Русич» Росгвардии приняли участие в церемонии открытия соревнований по дзюдо среди детей и подростков

Строительные леса обрушились у здания спортшколы на Новочеремушкинской улице

Инсайты, стратегии и нетворкинг для профессионалов: 21 июня пройдет ежегодный форум «Спорт и Бизнес»


Новак Джокович

Кто транслирует бой Табило против Джоковича на турнире Rome Masters 1000?



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


WTA

Свёнтек прошла в полуфинал турнира WTA-1000 в Риме



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России