Граѓаните избираат нов пратенички состав
Граѓаните избираат пратеници. За 120 места во парламентот се борат 15 политички субјекти, најголем дел од нив новоформирани партии и коалиции. Право на глас имаат 1.814.263 гласачи. Поради пандемијата на коронавирусот се гласа два часа повеќе, односно до 21 часот. На гласање се оди со маска.