Германија против предлогот на САД за враќање на Русија во Г7
Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас, го отфрли предлогот за враќање на Русија во Групата седум најразвиени земји во светот (Г7), што го даде американскиот претседател Доналд Трамп. „Причината за протерување на Русија беше нејзиното анектирање на Крим и интервенцијата во источна Украина“, рече Мас во денешното интервју за два германски весника, Рајнише Пост и Бонер Генерал - Анцајгер. „Сè додека немаме решение таму, јас не гледам никаква шанса“ Русија да се врати во Г7”, рече Маас. Читать дальше...