Средба на шефовите на дипломатиите на Берлински процес
Состанок на шефовите на дипломатиите од Берлинскиот процес за Западен Балкан ќе се одржи на 9 ноември во рамки ко-претседавањето на процесот од страна на Северна Македонија и Бугарија. Средбата на шефовите на дипломатиите ќе претходи на средбата на врвот на процесот на 10 ноември во Софија, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи. Поради ситуацијата со Ковид-19, средбата на министрите за надворешни работи ќе биде организирана преку видео конференциска врска, чиј домаќин ќе биде бугарското МНР. Читать дальше...