Маргарита Арсова: Ја живееме Европа и пред тоа да биде „мејнстрим“
На урбано Скопје, среде лето, од 15 до 21 јули, ќе му се случи 20-то јубилејно издание на Фестивалот на европски филм СИНЕДЕЈС, кој во текот на овие две децении израсна во значајно регионално културно случување кое се издвојува со храброста да исцртува поинакви линии на комуникација и едукација.