Српската централна банка ќе се обрати до ЕУ за хрватското евро со ликот на Тесла
Планот на Хрватска да го стави познатиот научник Никола Тесла на евро монетите предизвика критики во Србија чија централна банка денеска одлучи дека ќе го покрене прашањето во Европската унија, јавува Агенцијата Франс Прес. Тесла, кој е етнички Србин роден на територијата на денешна Хрватска во 1856 година кога земјата била дел од Австроунгарската империја, е причина за гордост на двете земји чии односи не се добри по крвавите војни кои доведоа до распадот на Југославија во деведесеттите години на минатиот век. Читать дальше...