Вучиќ: Сите кои направиле кривично дело во Бањска ќе бидат повикани на одговорност
Српскиот претседател Александар Вучиќ во понеделникот изјави дека сите кои учествувале во нападот на косовската полиција во Бањска, на северот на Косово, ќе одговараат пред институциите во Србија. Во интервју за американски Си-Ен-Ен, Вучиќ рече дека тука е и одговорноста на Милан Радоичиќ, еден од водечките лидери на косовските Срби, кој ја презеде одговорноста за нападот во Бањска. „Србија, се разбира, ќе бара одговорност од сите луѓе кои извршиле криминални дела и се на наша територија. Тој... Читать дальше...