Најмалку 100 загинати при напад со дронови на воена академија во Сирија
Најмалку 100 луѓе загинаа при напад со беспилотни летала врз воената академија во провинцијата Хомс, во Сирија, соопштија на 5 октомври официјални лица и Сирискиот центар за набљудување на човековите права со седиште во Лондон. Нападот се случи неколку минути откако сирискиот министер за одбрана ја напушти церемонијата на доделување дипломи во воената академија во градот Хомс во централниот дел на Сирија, пренесе Ројтерс. Ова е еден од најкрвавите напади врз објекти на сириската армија за 12 годишната граѓанска војна. Читать дальше...