Наместо лажна надеж и иницијативи за уставни измени и промена на закони со кои пасошите со старото името ќе важат и по истекот на рокот, на 12 февруари, фокусот сега треба да се стави на тоа што е можно повеќе луѓе да добијат нови лични документи, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи. За пролонгирање на рокот ќе треба нов договор со Грција, оти ова не е одлука на една Влада, додава тој.
Приватната фирма што го обезбедува М-НАВ доби засилување, нов тендер и полициска асистенција, по инцидентот на 4 јануари. Во меѓувреме се наметнува прашањето кој и како треба да ги обезбедува објектите од критичната инфраструктура.
Какво влијание имаат нападите на Хутите врз бродовите во близина на брегот на Јемен и во Црвеното Море, врз транспортот, трговијата и светската економија? Радио Слободна Европа разговараше со експерти кои предупредуваат дека ова ги комплицира синџирите на снабдување и ги зголемува трошоците за испорака, а со тоа и последните цени за потрошувачите. Тие предупредуваат дека состојбата ќе се влошува и дека нема изгледи дека нападите ќе престанат, дури и ако има прекин на огнот во Појасот Газа.
По двонеделна пауза, во срцето на Белград се одржаа нови демонстрации организирани од опозициската алијанса „Србија против насилството“. Неколку илјади демонстранти повторно се собраа пред канцеларијата на Републиканската изборна комисија, барајќи поништување на декемвриските избори поради, како што тврдат, изборна кражба на владејачката Српска напредна партија.
Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).
103news.com — живые новости в прямом эфире!
В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.
Музыкальные новости