Роднините на загинатите незадоволни од казната за газдата на Дурмо Турс
Вкупно 39 години затвор добија осудените шестмина за автобуската несреќа која пред речиси пет години се случи близу селото Ласкарци, а во која загинаа 16 луѓе и над 30 беа повредени. Најблага казна, 4 години затвор, доби газдата на фирмата „Дурмо Турс“ Дурмиш Белули. Роднините на загинатите разочарани.