Повеќе од 20 луѓе загинаа, а дваесетина се повредени во експлозии во пакистанската провинција Балучистан еден ден пред парламентарните избори. Вработените во итната помош итно ги префрлија ранетите во болница во главниот град на провинцијата, Квета, на 7 февруари.
Во ЕВН уште пристигнуваат жалби од граѓаните, а во Регулаторна пристигнале 30 поплаки заради високи јануарски сметки за струја. Поскапување нема, велат од Регулаторна, а според ЕВН потрошувачката е зголемена. Граѓаните се жалат дека за исто количество потрошена струја добиле многу повисоки сметки.
Балансерот за вработување по етнички клуч не си ја врши работата и како таков треба да се замени со друго законско решение во кое квалификациите на апликантите ќе бидат приоритет пред националноста, смета министерот за администрација Азир Алиу. Мерит системот треба да е на прво место, додава тој.
Мерит системот и квалификациите на апликантите за работа во администрација треба да имаат приоритет пред националноста при вработување вели министерот за јавна администрација Азир Алиу. Според него во приватниот сектор се бара квалификуван работник.
Во Пакистан утре (8 февруари) се гласа на парламентарните избори. РСЕ разговараше со едно семејство од градот Пешавар за нивните надежи за иднината. Додека студентката Еша Кан рече дека сè уште се надева на слободни избори и политички промени, нејзините родители, Мохамад Аслам и Канвал Кан, велат дека сакаат да видат поевтин бензин, намирници и достапно образование.
Деветнаесетгодишниот Кристијан Пешевски веќе една година на скопските улици го продава списанието „Лице в лице“. Ова искуство, вели, му го сменило животот на многу подобро. Има нови познанства, финансии за остварување на желбите, но и чувство дека оди во добар правец.
Никола Нешкоски, планинар, велосипедист, екологист и едукатор. Личност која ужива во предизвици, но и човек кој сака младите да ги научи на здрав живот, на спорт и на љубов кон животната средина. Со него во поткастот Зошто разговараме за задоволствата, успесите, но и предизвиците со кои тој се соочува во остварувањето на неговата мисија.
Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).
103news.com — живые новости в прямом эфире!
В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.
Музыкальные новости