Во 1984 година, Сараево беше центар на светот. На игрите што не ги бојкотираа ниту Западот ниту Истокот, Југославија ги освои првиот медал на Зимските олимписки игри и срцата на учесниците и посетителите. Колку од олимпискиот дух остана по четири децении и дали тој може да се врати?
Секој граѓанин кој ќе биде оневозможен да ја ползува слободата на движење ќе има право да поднесе тужба и да бара надомест на штета, вели професорот по уставно право, Денис Прешова. Државата сигурно има барем организациска одговорност, смета Маргарита Цаца Николовска, поранешна судијка во Судот во Стразбур
Сликата со преполни контејнери во разни делови на Скопје често се повторува, но главната борба е како главниот град да воспостави добар систем за управување со отпадот кој треба да даде решение и за дивите депонии, некои со опасен отпад. Ветувањето за комунална полиција, кое за власта беше приоритет, никогаш не се оствари.
Откако основката Нела Манческа сфатила дека има талент за пеење со помош на професорката Андријана Јаневска, паралелно со училиштето се посветува на гласот. Настапите на домашни и странски фестивали и натпревари ги гледа како шанса за пробивање на сцените надвор од македонските граници. Вели дека чувствува самодоверба на сцена и цели кон голем успех, но порачува дека колку и да си успешен важно е да останеш скромен.
Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).
103news.com — живые новости в прямом эфире!
В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.
Музыкальные новости