Дваесет и девет повредени во пожар во центарот за мигранти во Велика Кладуша
![Дваесет и девет повредени во пожар во центарот за мигранти во Велика Кладуша](https://gdb.rferl.org/D05321D5-5D96-47B6-A250-BA3F942F6154_w800_h450.jpg)
Најмалку 29 лица се повредени во пожар што утрово во 6 часот и 30 минути избувна во привремениот прифатен центар за неколку стотици мигранти во Велика Кладуша, северозападна Босна и Херцеговина. Како што пренесуваат локалните медиуми, на местото има голем број пожарникари, а некои од повредените се пренесени во болницата во Велика Кладуша, додека некои се упатени во Кантоналната болница во Бихаќ. Според првичните информации, причината за пожарот, кој се локализира, е човечка невнимателност.