Мы в Telegram
Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Июнь
2019

Новости за 25.06.2019

Тенисерската легенда Борис Бекер продава се што има за да се спаси од банкрот

SlobodnaEvropa.mk 

Германската тенисерска легенда Борис Бекер ги стави на аукција лични работи, трофеите и сувенири во вредност од 200.000 фунти кои му се потребни за да се спаси од банкрот и да ги исплати долговите. На аукцијата се најдоа репликите на трофеите од Вимблдон, УС Опен и Дејвис купот, медали и облека. Исто така се продаваат и неговите тениски рекети, часовници, стегачи, па дури и чорапи. Аукцијата која се одвива преку интернет ќе трае се до 11 јули, а неа ја организираат стечајните управници.

Бучавата им го нарушува здравјето на битолчани

SlobodnaEvropa.mk 

Измерените вредности на бучавата во Битола покажа далеку поголеми вредноси од законските ограничувања. Беа измерени највисоки 111 децибели, односно двојно повеќе од дозволените 50 до 55 децибели регулирани со Правилникот за гранични вредности за ниво на бучава во животната средина.

30 милиони денари за РК „Вардар“ и 1 милион за Алили

SlobodnaEvropa.mk 

Владата донесе одлука да му додели 30 милиони денари на ракометниот клуб „Вардар“ за освоената титула Европски шампион во ракомет, како и одлука да му додели 1 милион денари на Бесир Алили за европската шампионска титула во борење во категоријата кадети. Владата ќе му додели и 300 илјади денари на тренерот на Алили.



Заев - Ако се потврди случајот со Дудуш, лично ќе му барам оставка

SlobodnaEvropa.mk 

Не само што реагирав, туку јас сум згрозен од таа постапка која произлезе од т.н „бомба“ за тепањето на градоначалникот на општина Шуто Оризари Курто Дудуш, изјави премиерот Зоран Заев, во врска со неодамна објавената снимка од која наводно се слуша дека градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш тепа машко лице во неговиот кабинет, што е предмет на проверка и од страна на МВР. „Ако се тоа се потврди. ќе мора да си оди. Мора да се носи одговорнсот и јас сум првиот што ќе побарам оставка. Секој мора да тргне од личната одговорност. Читать дальше...

Петар Атанасов си даде оставка зошто не стана министер, тврди Заев

SlobodnaEvropa.mk 

Жалам што господинот Петар Атанасов си поднесе оставка на таков начин, рече премиерот Зоран Заев во интервју за Сител. „Ред е да кажам, тоа го направи затоа што не стана министер за образование, бараше од мене да стане министер за образование, но не стана министер. Јас во саботата ја донесов конечната и му ја соопштив, рече Заев, наведувајќи дека во неколку наврати Атанасов нему му рекол дека доколку не стане Министер за образование ќе си поднесе оставка“, рече Заев.

Прв рурален поетски слем на полињата со лаванда во Витачево

SlobodnaEvropa.mk 

На мала парцела со насад од лаванда на висорамнината Витачево кај Кавадарци, во сабота на 29 јуни, ќе се случи првиот рурален Поетски слем во земјава. Настанот е од ревијален карактер, а ќе се одвива на тема „Природата и ние во неа!“.

Заев: Тевдовски работеше добро, сменет е зошто јас влегувам

SlobodnaEvropa.mk 

Причината за смената на министерот за финансии Драган Тевдовски е затоа што јас влегувам, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за Сител и додаде дека не е точно дека не е задоволен од работата на Тевдовски. „Се работи прво за министер или министерство кое што ги направи најголемите реформи или е поврзано со реформите што се случија во државата или дефинитивно преставува едно од тие што направија најмногу реформи. Тевдовски добро си ја вршеше работата, но сега на ред е една економска лекција во која јас морам да бидам вклучен. Читать дальше...

Во Македонија почнува имплементацијата на НАТО NICS системот за менаџирање кризи

SlobodnaEvropa.mk 

Владата на денешната 141. седница ја разгледа Информацијата за дигитализација на Системот за управување со кризи преку имплементацијата на NICS – Next Generation Incident Command System – NATO SPS Project (следна генерација на Систем за управување со инциденти) во Република Северна Македонија, ги задолжи сите органи на државната управа и им укажува на институциите кои немаат статус на органи на државна управа, активно да учествуваат во дигитализацијата на Системот за управување со кризи и целосно... Читать дальше...



Грчката Влада и опозицијата се скараа за сајтот Macedonia timeless

SlobodnaEvropa.mk 

Текст објавен во грчките медиуми за непроменетото име на сајт за туристичка промоција на земјава Macedonia timeless, беше причина да реагираат од опозициската Нова демократија со остри критики до грчката влада, на што експресно стигна одговор од шефот на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос“, јави дописничката на МИА од Атина. „Провокативната и дрска употреба на терминот Македонија од официјален сајт на Скопје и тоа за туристичка промоција на соседната земја, на најлош начин ги оправдува предвидувањата на Нова демократија. Читать дальше...

Владата наложи да се преиспита правната основа за рудникот Иловица

SlobodnaEvropa.mk 

Владата на денешната седница донесе одлука да го задолжи Министерството за економија да ја испита правната исполнетост на барањето за добивање дозвола за експлоатација на минерална суровина – бакар и злато, на Еуромакс, на локалитетот „Иловица“, Општина Босилово и Општина Ново Село, и доколку не се исполнети правно-формалните аспекти да го одбие барањето на концесионерот. „Владата го задолжи Министерството за економија, доколку се утврди дека не е исполнета правната обврска на барањето за добивање... Читать дальше...

Ердоган за поразот во Истанбул: Ова е порака од народот

SlobodnaEvropa.mk 

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, по поразот на кандидатот од неговата партија за градоначалник на Истанбул, изјави дека ќе извлече поука од „пораката која ја испрати народот“. „Го немаме тој луксуз да се правиме глуви и да ги игнорираме пораките од народот“, изјави денеска Ердоган пред пратениците од својата Партија на правда и развој, уште еднаш честитајќи му ја победата на опозицискиот кандидат Екрем Имамоглу, кој на изборите во неделата освои 54 отсто од гласовите на бирачите во најголемиот град во Турција.

Меѓаши: За 2,5 години само 53 пратенички прашања поврзани со децата

SlobodnaEvropa.mk 

Во Собранието во изминатите три и пол години, почнувајќи од 2016 година заклучно со јуни 2019 година вкупно биле поставени 582 пратенички прашања, од кои директно или индиректно поврзани со децата и правата на децата биле поставени само 53 прашања, односно 10 отсто. Ова е силен индикатор колку всушност на македонските пратеници децата им се приоритет и фокус за парламентарна расправа во парламентарните групи и законодавниот дом, рече Драги Змијанац, претседател и основач на Првата детска амбасада во светот ... Читать дальше...

Рама го тужи новинарот на „Билд“ по објавувањето на „бомбите“

SlobodnaEvropa.mk 

Албанскиот премиер Еди Рама поднесе тужба против германскиот новинар Питер Тиде, по објавувањето снимки од прислушуваните разговори каде се слуша како се обезбедувале гласови за партијата на Рама, преку закани и купување гласови. „На германскиот адвокат Матијас Принц му дадов овластување за започнување судски процес околу наводите во „Билд”. Германските судови нека одлучуваат кој е во право и кој е виновен за ова. Ова го правам затоа што Албанците заслужуваат да ја знаат вистината од судството на таа земја“, напиша Рама на Твитер. Читать дальше...

Хачисон: Сакаме Северна Македонија да стане членка на НАТО на Лондонскиот самит

SlobodnaEvropa.mk 

Американската амбасадорка во НАТО, Ки Бејли Хачинсон, на брифинг со новинарите пред утрешниот министерски совет за одбрана на Алијансата порача дека се вложуваат сите напори Северна Македонија да стане полноправна членка на Самитот на НАТО во Лондон во декември. „Наша надеж е дека тоа ќе се случи на лидерската средба во декември, тоа е нешто на што сите работиме, но секоја од нашите земји сојузнички има различни барања од својот парламент за да го одобри и потврди зачленувањето на Северна Македонија“... Читать дальше...

Вицепремиерот Анѓушев ги прими штрајкувачите од ОХИС

SlobodnaEvropa.mk 

Вицепремиерот задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, денеска оствари средба со поранешните вработени од ОХИС кои штрајкуваа пред Владата незадоволни од спроведената стечајна постапка. На состанокот, како што соопштуваат од неговиот кабинет, е констатирана фактичката состојба дека стечајната постапка на ОХИС е завршена и спроведена од судските и стечајните органи, во процес во кој Владата немала ингеренции и не се мешала. „Владата е во комуникација со поранешните... Читать дальше...

Во Љуботен запленети 12 тони шверцуван тутун, буџетот оштетен за над 7 милиони евра

SlobodnaEvropa.mk 

Во денешната полициска акција во скопското село Љуботен се запленети 12 тони тутун и опрема за негова обработка, соопштија Финансиската полиција и Царинската управа. Според директорите на Финансиската полиција и Царинската управа, Арафат Муареми и Ѓоко Танаскоски, правни лица шверцувале необработен тутун, а физички лица го обработувале и нелегално го продавале на пазарот, при тоа, од тој нелегален увоз на тутун од соседните држави и продажба на цигари буџетот на државата за година и половина е оштетен за 7,3 милиони евра. Читать дальше...

Мониторинг на ПССЕ: Северна Македонија постигна напредок, сега реформите да се преточат во пракса

SlobodnaEvropa.mk 

Северна Македонија постигна значителен напредок во измината година, но сега останува донесените реформи да се применат на дело, стои во извештајот од следењето на обврските на Република Северна Македонија, што известувачите Лиза Кристоферсе и Валериу Гилечи го презентирале пред Комисијата за следење на обврските на земјите, јавува дописникот на МИА од Стразбур. Во расправата зад затворени врати, практика на комисијата поради доверливоста на извештаите, двата известувачи забележале дека по нивната последна посета во јуни 2018 година... Читать дальше...

Груби се откажал од Комисијата за селекција во УБК

SlobodnaEvropa.mk 

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, ги информирал претседтаелот на Собранието и претседателот на Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање дека не можа да учествува во работата на Комисијата за селекција и избор на работници од Управата за безбедност и контраразузнавање поради преголеми обврски.  Груби и пратеникот Трајко Димков денеска беа избрани од Комисијата за надзор над работата на УБК и Агенцијата за разузнавање, откако, како што рече претседателот на Комисијата... Читать дальше...

ГРЕКО: Србија, БиХ и Шпанија не исполниле ниедна од препораките на СЕ за борба против корупцијата

SlobodnaEvropa.mk 

До крајот на 2018 година, Србија нема целосно исполнето ниту една од 17-те препораки на Советот на Европа за борба против корупцијата (ГРЕКО), се наведува во годишниот извештај на организацијата. Во него стои дека седум препораки се делумно исполнети, десет воопшто не се исполнети, според што Србија е една од трите земји, покрај Босна и Херцеговина и Шпанија, кои немаат исполнето ниту една од препораките. Пет од препораките се однесувале на работата на пратениците, шест на работата на судиите и исто толку на работата на јавните обвинители. Читать дальше...


Музыкальные новости
Сергей Шнуров

Рокер Шнуров на «Новой фабрике звезд» пристыдил певца Киркорова за Евровидение





Rss.plus
Театр

Театр танца Катерины Нейман выступил на главной сцене ТРЦ «Нора»




Микроавтобус столкнулся с квадроциклом в Подольске

Находящийся в смоленской ИК-3 экс-депутат Илья Яшин помещен в ШИЗО на 15 суток

Её не надо бояться, за ней будущее

Город заключил с инвестором договор о комплексном развитии территории в Ростокине




Новиот британски премиер ќе се знае на 23 јули

SlobodnaEvropa.mk 

Владејачката британска Конзервативна партија соопшти дека на 23 јули ќе биде објавено името на новиот премиер на земјата, при што во трката за функцијата се Борис Џонсон и Џереми Хант. За наследникот на Тереза Меј која ќе се повлече од премиерската позиција ден претходно ќе гласаат околу 160 илјади членови на партијата.

Ерменскиот суд ја поништи одлуката за ослободување на експретседателот Кочаријан

SlobodnaEvropa.mk 

Апелациониот суд на Ерменија ја поништи одлуката на понискиот суд кој го ослободи поранешниот претседател Роберт Кочаријан од притвор и го суспендираше неговото судење под обвинение за соборување на уставниот поредок во текот на последните недели од неговото децениско владеење кое заврши во 2008 година. Кочаријан е обвинет дека и наредил на армијата да ги сузбие протестите против исходот од претседателските избори на кои победи неговиот наследник Серж Саркисијан. Десет лица, меѓу кои и двајца припадници... Читать дальше...

Обвинение за „Ел Чека“ за неовластено прислушување и снимање

SlobodnaEvropa.mk 

Основното јавно обвинителство Кичево поднесе обвинение против лицето „Ел Чека“ за сторено продолжено кривично дело- неовластено прислушување и тонско снимање. „Обвинетиот при крајот на месец мај оваа година, од профил на една социјална мрежа, претставувајќи се како „El Cheka” објавил повеќе тонски снимени прислушкувани телефонски разговори на повеќе лица. Со тоа обвинетиот им овозможил на корисниците на социјалната мрежа и на други неповикани лица да се запознаат со содржината на тонски снимените разговори“, стои во соопштението.

Австрискиот суд одобри екстрадиција на украинскиот олигарх Фирташ

SlobodnaEvropa.mk 

Врховниот суд на Австрија одговори позитивно на барањето на САД за екстрадиција на украинскиот олигарх Дмитро Фирташ. Крајната одлука за негова екстрадиција сега треба да ја донесе министерот за правда. Фирташ, поранешниот бизнис партнер на Пол Манафорт, кој беше шеф на изборната кампања на американскиот претседател Доналд Трамп и еден од најбогатите Украинци е обвинет во Чикаго за поткуп од околу 18 и пол милиони долари, наводно платени за дозвола за рудник за титаниум во Индија. Барањето за екстрадиција... Читать дальше...

Пендаровски: Нашиот план Б се преговори до крајот на годината

SlobodnaEvropa.mk 

Преспанскиот договор бараше огромна храброст и визија, верувам дека тоа го имаат сфатено и во Германија. Затоа Северна Македонија нема план Б. Нашиот план Б е почеток на преговорите до крајот на годината, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за интернет изданието на германски „Шпигел“. Пендаровски е оптимист за добивање датум за преговори и по одложеното гласање во Бундестагот. „Веруваме дека не постојат подлабоки забелешки против почеток на пристапните преговори, туку само технички одложувања. Читать дальше...

Унгарија го усвои протоколот за прием на земјава во НАТО

SlobodnaEvropa.mk 

Националното собрание на Унгарија денеска ја усвои ратификација на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО. На гласањето присуствуваше и претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери на покана на неговиот унгарски колега Ласло Ковер. Од кабинетот на Џафери соопштија дека на гласањето се изјасниле 153 пратеника кои едногласно гласале „за“ и ја поддржале ратификацијата.



Москва

Воскресшего Иисуса могут дополнительно установить в церквях, вместо черепа.


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Сергей Собянин. Неделя мэра



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Аранжировка

Аранжировка Песен. Аранжировка Музыки. Создание Аранжировок.




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

Клиенты СберСтрахования стали в 1,5 раза чаще приобретать страховки для бегунов

Бонгонда: стадион и база «Спартака» — мои любимые места в Москве

«Шушумагия» и «Команда МАТЧ» – в топ-25 мультсериалов на «Кинопоиске»


ATP

Теннисист Медведев потеряет место в рейтинге ATP



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Настроение

Черёмуховая сказка Холмогорья



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России