Мы в Telegram
Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Июнь
2019

Новости за 27.06.2019

Имамоглу стана градоначалник на Истанбул

SlobodnaEvropa.mk 

Турскиот опозициски политичар Екрем Имамоглу денеска стапи на должност градоначалник на Истанбул, откако во неделата победи на повторените локални избори.  Тој денеска  од Републиканската народна партија, доби сертификат со кој официјално ја презема највисоката функција во најголемиот град во Турција, со мандат од пет години. Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и неговата партија Правда и развој, по 25 години владеење, ја изгубија власта во Истанбул. На локалните избори во март, Ердоган изгуби и во Измир и Анкара.

Србија отвори ново поглавје во преговорите со ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Србија денеска го отвори деветтото поглавје од преговорите со ЕУ кое се однесува на финансиските услуги. На денешната меѓувладина конференција Србија- ЕУ во Брисел го потпиша и делот од ИПА фондот со кој како претпристапна помош и се доделуваат на Србија дополнителни 179,1 милиони евра неповратни средства кои ќе треба да ги потроши за развојни проекти. „Не губиме чекор ниту здив во пристапниот процес. Не сите вести од регионот се сјајни кога се во прашање пристапниот процес и политиката на проширување. Читать дальше...

Палмер: Очекуваме изборите во Албанија да се одржат на 30-ти јуни

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот заменик помошник државен секретар за Европа,  Метју Палмер вели дека САД очекуваaт на 30-ти  јуни да се одржат изборите во Албанија. Тој во интервју за Гласот на Америка кој го пренесува сервисот на албански јазик, вели дека очекува изборите да бидат спроведени на мирен и транспарентен начин. „По изборите Уставниот суд ќе биде формиран и очекуваме дека споровите околу и по изборите ќе бидат решени преку институциите во земјата, вели Палмер. Ваквата изјава следува по одлуката на... Читать дальше...



Промената на пол ќе биде на товар на ФЗО

SlobodnaEvropa.mk 

Промена на пол на товар на Фондот за здравствено осигурување ќе се прави на скопските клиники, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче на регионалната конференција за правата на ЛГБТ. Според пресметките на ФЗОМ, овие операции чинат околу 15 илјади евра.  Тој вели дека на располагање ќе биде врвен српски хирург, кој како уролог ќе биде ангажиран на Клиниката за детска хирургија каде ќе врши комплексни оперативни процедури за што пациентите претходно ги праќале во странство, а кој од... Читать дальше...

Шекеринска: Сите НАТО членки ќе го ратификуваат Протоколот во следните три месеци

SlobodnaEvropa.mk 

Сите земји членки на НАТО кои не го потпишаа до сега Протоколот, најавија ратификации во следните два-три месеци, и рекоа дека за Алијансата би било голем плус процесот да заврши до декември, изјави министерката за одбрана Радмила Шеќеринска во интервју за МИА откако денеска учествуваше на министерскиот состанок на НАТО во Брисел.Таа вели дека факт е дека 29 земји и 29 парламенти се секогаш не до крај предвидливи. „Имате фактор икс и на тоа мора да внимаваме. Може во некоја земја да ви се случат избори... Читать дальше...

„Љубов и револуција“ - „гром“ концерт во скопскиот Градски парк

SlobodnaEvropa.mk 

Со идеја да бидат донесени во ново и оригинално руво, в сабота на 29 јуни во 21 час, Филхармонија и хорот „ПроАрс“, во скопскиот Градски парк ќе ги чествуваат „класиците“ на Боуви, Кејв, Хендрикс, РЕЈДИОХЕД, НИРВАНА и други популарни икони.

Косовската опозиција бара предвремени избори по одлуката на Устаниот суд

SlobodnaEvropa.mk 

Најголемата косовска опозициска партија Демократскиот сојуз на Косово побара од Владата на Рамуш Харадинај веднаш да поднесе оставка, откако Уставниот суд го прогласи за незаконски државниот тим за преговори со Србија, јавува новинската агенција МИА.  Шефот на пратеничката група на ЛДК, Авдулах Хоти изјави пред новинарите дека по одлуката на Уставниот суд членовите на тимот за преговори и Владата треба да поднесат оставка и да се организираат избори. Опозицијата смета дека дијалогот со Белград... Читать дальше...

Уставниот суд на Косово го прогласи за неуставен тимот кој преговара со Србија

SlobodnaEvropa.mk 

Уставниот суд на Косово денеска го прогласи за неуставен државниот тим за преговори со Србија, кој пред неколку месеци беше формиран со одлука на косовското Собрание, јавува новинаската агенција МИА.  Оваа одлука е донесена по барање на 32 пратеници за оценување на уставноста на Законот за задачите, одговорностите и надлежностите на тимот, предводен од потпретседателот на Владата, Фатмир Лимај и градоначалник на Приштина, Шпенд Ахмети. Во одлуката на судот е наведено дека со тој законски текст се прекршени неколку уставни одредби.



ОЈО ќе го истражува случајот со Дудуш по пријава од МВР

SlobodnaEvropa.mk 

Основното јавно обвинителство денеска по известувањето од МВР-СВР Скопје, за објавениот натпис во порталот „Лидер“ со наслов „АУДИО БОМБА: Градоначалникот на СДСМ тепа и измачува киднапиран човек“, во кој се тврди дека градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш малтретира сограѓанин, покрена предистражна постапка.  „Надлежен јавен обвинител издаде наредба за вештачење на мобилни телефонски апарати на две лица – на градоначалник на една скопска општина и на лице споменувано во снимениот материјал. Читать дальше...

Мета ги презакажа изборите во Албанија за 13 октомври

SlobodnaEvropa.mk 

Албанскиот претседател Илир Мета на денешната прес-конференција изјави дека 13 октомври е најсоодветен датум за одржување на локалните избори во земјата. „Двете причини зошто се одлучив за овој датум, е тоа што тој е најкус рок за организирање сеопфатни локални избори и тоа што, како што истакнав на 8 јуни, кога ја потпишав уредбата за одложување на изборите, станува збор за гарантирање на континуитетот на европската интеграција, а не за одвојување на Албанија од Северна Македонија за отворање на преговорите. Читать дальше...

ЕУ ги продолжи санкциите за Русија на шест месеци

SlobodnaEvropa.mk 

Амбасадорите на ЕУ и официјално ги продолжија на шест месеци економските санкции врз Русија поради нејзината улога во Украина. Минатата недела лидерите на ЕУ едногласно дадоа зелено светло за мерките, цитирајќи го недостатокот на напредок во спроведувањето на мировниот договор од Минск. Санкциите во голема мера се однесуваат на енергетскиот и банкарскиот сектор на Русија и за прв пат беа воведени во април 2014 година по руската анексија на Крим. Санкциите се продолжуваат на секои шест месеци. Примирјето... Читать дальше...

ГРЕКО со фокус на корупцијата и интегритетот на МВР и кабинетот на премиерот

SlobodnaEvropa.mk 

Шефицата на делегацијата на нашата држава во ГРЕКО, Ана Павловска Данева денеска изјави дека дваесет и една препорака содржи извештајот на ГРЕКО од петтиот круг на евалуација, при што главна тема се корупцијата и интегритетот во највисоките носители на извршна власт. Павловска Данева истакна дека за СЈО и обвинителството, како и медиумите и администрацијата биле тема на четвртиот круг на ГРЕКО спроведен од 2013 до 2016 година.ГРЕКО, според неа, сега истражува состојби за корупција и интегритет во министерствата... Читать дальше...

Новите министри положија заклетва во Собранието

SlobodnaEvropa.mk 

Мнозинството пратеници ги изгласаа владините предлози за нови министри. Дебатата за реконструкцијата на владата минува во знак на силни критики од опозицијата до власта и спротивни обвинувања до ВМРО-ДПМНЕ за нереформирана партија која го наследила Никола Груевски.

Собраниe: oпозицијата обвинува за режим, Заев ги брани министрите

SlobodnaEvropa.mk 

Дебатата за реконструкцијата на владата минува во знак на силни критики од опозицијата до власта и спротивни обвинувања до ВМРО-ДПМНЕ за нереформирана партија која го наследила Никола Груевски.

САД му соопштиле на НАТО дека не сакаат војна со Иран

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот секретар за одбрана Марк Еспер им соопштил на НАТО сојузниците дека САД не сакаат војна со Иран, соопштија дипломати присутни на министерскиот состанок на НАТО. Но, според Еспер, САД нема да толерираат идни инциденти со Иран.  Еспер по средбата зад затворени врати бил предупреден од Франција да не го инволвира НАТО во ниту една воена мисија на Заливот. Франција заедно со Британија и Германија се залага за зачувување на нуклеарниот договор со Иран.

Парламентот во Киргистан го одзема имунитетот на експретседателот Атамбаев

SlobodnaEvropa.mk 

Киргистанските пратеници го поддржаа одземањето на имунитетот на поранешниот претседател Алмазбек Атамбаев кој се соочува со обвиненија за корупција, злоупотребата на службената должност и незаконското збогатување. За предлогот гласаа 103 пратеници, а 6 беа против. Атамбаев изјави дека поседува оружје за да се заштити себеси во случај на негово апсење. Тој претходно ги отфрли сите обвиненија против него и го обвини неговиот наследник Соронабај Јиенбеков за "беззаконие".

Бомбашки напади во Тунис, загинал полицаец, неколку повредени

SlobodnaEvropa.mk 

Во два самоубиствени бомбашки напади во Тунис загинале еден полицаец, а неколку лица се повредени. Се уште не е јасно кој стои зад нападите, кои се случија за време на туристичката сезона во земјата. Првиот напад бил извршен на улицата Шарл де Гол во центарот на Тунис, а вториот пред седиштето на анти-терористичката бригада. Во Тунис во последните година имаше серија на напади, а одговорност за најголем број од нив презема милитантната група Исламска држава.

Заев: Тевдовски не е сменет бидејќи не сакал да потпише заем за Клинички центар

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев за време на денешната расправа во Собранието за владината реконструкција порача дека министерот за финансии Драган Тевдовски не е сменет оти не сакал да потпише заем за изградба на новиот Клинички центар откако беше прашан од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски за причините за неговото разрешување. Заев ги отфрли таквите информации како неточни и истакна дека Тевдовски секогаш бил „за“ нов Клинички центар и оти за тоа јавно говорел.


Музыкальные новости
Тимати

ЮрКисс о черных списках «Русского Радио»: как туда попали SMAMAN, Тимати и Егор Крид





Rss.plus
#123ru.net

Национальный конгресс по регенеративной медицине впервые пройдет в Санкт-Петербурге: ученые и врачи обсудят достижения и перспективы развития регенеративной биомедицины




Юрист Слащев назвал задержание врачей из клиники Хайдарова ошибочным

Игрок "Спартака" Маслов заявил, что команда провалила сезон

RT ПРЕДСТАВИТ ПРЕМЬЕРУ ДОКУМЕНТАЛЬНОГО ФИЛЬМА О ВЗЯТИИ АВДЕЕВСКОГО ТЕРРИКОНА

Воробьев: методику обеспечения сирот жильем улучшат в Подмосковье




„Трајните“ белези на министрите за животна средина

SlobodnaEvropa.mk 

Сите досегашни министри за животна средина имаат оставено трајни белези, но тие не се позитивни и не во насока на подобрување на состојбите во животната средина, велат активисти по изјавата на министерот за екологија Садула Дураки. Јавноста бара многу повеќе за подобра животна средина.

Трамп во Јапонија на самитот на Г20 ќе има најмалку осум билатерални средби

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Јапонија каде ќе присуствува на самитот на Г20 во Осака, при што се очекува да одржи најмалку осум билатерални средби на маргините на собирот. Првата средба на Трамп ќе се одржи денеска со премиерот на Австралија, Скот Морисон. Трамп треба да се сретне и со рускиот претседател Владимир Путин, кинескиот претседател Кси Џинпинг, како и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган и принцот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман. Тој исто така... Читать дальше...

Од ТЕ-ТО реагираат дека се неосновани обвинувањата на Финансиска полиција

SlobodnaEvropa.mk 

Од Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО АД Скопје денеска реагираат дека се неосновани обвинувањата од Финансиската полиција, која поднесе кривична пријава против директорот на компанијата за лажен стечај. Недопустливо е Финансиската полиција, како што се наведува во реакцијата, да излегува со бомбастични најави за наводен криминал кај најголемиот странски green field инвеститор во државата во фаза на интерни истражни постапки. „Јавно се изнесуваат крајно паушални и неаргументирани наводи... Читать дальше...

Институтот за предагогија со отворено писмо реагира до министерот Адеми

SlobodnaEvropa.mk 

Професорите од Институтот за педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје во отворено писмо до министерот за образование и наука Арбер Адеми реагираат дека се исклучени од законските решенија кои се нудат од МОН во врска со основното образование, а консеквентно и од средното, високото и образованието на возрасните.  „Професорите од Институтот од педагогија не се ниту вклучени во било која работна група или пак повикани за јавно мислење за ваква сензитивна и исклучително сложена проблематика. Тенденцијата... Читать дальше...

Груевски нема да биде екстрадиран

SlobodnaEvropa.mk 

Судот во Унгарија одлучил да не го екстрадира поранешниот премиер Никола Груевски кој избега во Будимпешта во ноември минатата година, јавија пред малку унгарските медиуми. Според Судот во Будимпешта, не биле исполнети услови за негова екстрадиција во Северна Македонија. Никола Груевски претходно беше приведен на рочиште во судот во Будимпешта. Тој откако беше осуден на двегодишна затворска казна за предметот на СЈО, „Тенк“ пребега и доби азил во Унгарија.  Јавното обвинителство го обвини Груевски... Читать дальше...

Неорганизирани земјоделци и незаинтересирана држава

SlobodnaEvropa.mk 

Деновиве праските од Росоман се продаваат за 40 денари по гајба. Земјоделските производители се жалат на ниската цена и незаинтересираниот однос на државата кон нив. Експертите пак укажуваат на неорганизираноста на земјоделците сами да се изборат за подобра позиција



Москва

Konica Minolta Business Solutions Russia и Facemetric предложат заказчикам решения на базе технологий компьютерного зрения


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Собянин сообщил о планах благоустройства на северо-востоке Москвы



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Григорий Лепс

Дочь популярного певца Инга Лепс стала украшением нового сериала «Игры»




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

В Подмосковье сотрудники ОМОН «Русич» Росгвардии приняли участие в церемонии открытия соревнований по дзюдо среди детей и подростков

Строительные леса обрушились у здания спортшколы на Новочеремушкинской улице

Звезды спорта. Кто они такие и почему их так называют?


Карен Хачанов

Хачанов проиграл Табило в 1/8 финала «Мастерса» в Риме



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Game News

Сегодня выходит Braid: Anniversary Edition на PC, консоли и смартфоны



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России