Најмалку 12 лица убиени од незадоволен работник во Вирџинија Бич
Најмалку 12 лица се убиени, а четворица ранети откако незадоволен работник во градската комунална служба пукал во зградата на општината во Вирџинија Бич. Полицијата го убила напаѓачот, јавија светските агенции. Полицијата соопшти дека напаѓачот бил наоружан со пиштол со пригушувач и дека неколку пати ја надополнувал муницијата за време на пукањето. Првата жртва е погодена во возило пред зградата, по што напаѓачот влегол во зградата и пукал кон сите. Во текот на интервенцијата еден полицаец е ранет, но панцирот му го спасил животот.