Трамп го поддржува Џонсон за премиер на Британија
![Трамп го поддржува Џонсон за премиер на Британија](https://gdb.rferl.org/35CC0F5D-83B9-4786-88C8-43FC252283E1_cx0_cy0_cw74_w800_h450.jpg)
Американскиот претседател Доналд Трамп, во пресрет на официјалната посета на Велика Британија во понеделник, порача дека поранешниот британски министер за надворешни работи Борис Џонсон e „извонреден“ избор за нов лидер на Конзервативната партија, осносно нов премиер, по оставката на Тереза Меј.
„Мислам дека Борис ќе направи многу добра работа“, рече Трамп во интервју за лондонскиот весник „Сан.
Трамп додава дека и другите кандидати барале негова поддршка и дека тој ќе помогне на кој било. Би-Би-Си објави дека обезбедувањето за време на посетата на Трамп, кој ќе се сретне и со членови на кралското семејство, меѓу кои и кралицата Елизабета Втора и принцот Хари, ќе чини неколку милиони долари.