Турско МНР: Набавката на системот С-400 оди според планот
![Турско МНР: Набавката на системот С-400 оди според планот](https://gdb.rferl.org/856243EE-7C21-4D97-9FED-D8FCCC18C407_cx6_cy13_cw77_w800_h450.jpg)
Министерството за надворешни работи на Турција ги демантира извештаите во кои се тврди дека Анкара разгледува одложување на набавката на рускиот противвоздушен ракетен систем С-400, пренесува агенцијата Анадолија.
„Извештајот на одредени медиуми во последните денови, во кои се вели дека Турција разгледува одложување на набавката на С-400 на барање на Соединетите американски држави е неоснован. Нашиот процес за набавка на С-400 оди според планот“, рече Хами Аксој, портпарол на министерството за надворешни работи на Турција.