Николоски - Ништо од помирување, ако со тоа бараат амнестија за Заев
![Николоски - Ништо од помирување, ако со тоа бараат амнестија за Заев](https://gdb.rferl.org/c99e1b7a-53a2-4293-ba6d-9ac6c3d70b06_tv_w800_h450.jpg)
Помирувањето го замислуваат на начин што сакаат да испреговараат со ВМРО-ДПМНЕ амнестија за Зоран Заев, неговото семејство и останатите во однос на гонење по криминалите што ги имаат правено во изминатиот период. Ако така го замислуваат помирувањето, помирување нема да има, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.