Бомба на минибус кој превезувал студенти во Кабул
![Бомба на минибус кој превезувал студенти во Кабул](https://gdb.rferl.org/526F9B33-357D-4190-906C-D6D15591B392_w800_h450.jpg)
Три последователни експлозии се случиле во иста област на главниот град на Авганистан, Кабул, пришто најмалку едно лице загинало, а 17 биле повредени. Првата експлозија се случила откако експлодирала бомбата која била прицврстена на долниот дел од минибусот кој ги превезувал студентите и службениците на Универзитетот во Кабул за образование, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Насрат Рахими. Рахими изјави дека меѓу повредените биле авганистански новинари и пет членови на безбедносните сили.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот во западниот дел на Кабул, кој следува неколку часа откако најмалку шест полицајци загинаа при експлозија на автомобил во југоисточната провинција Газни. Најмалку осум други полицајци беа повредени во вчерашната експлозија во полицискиот комплекс во јужниот дел на Газни.нТалибанците ја презедоа одговорноста за нападот и тврдеа дека биле убиени 40 полицајци.