Холограми место циркуски животни
![Холограми место циркуски животни](https://gdb.rferl.org/EC0F464D-F544-4CA9-B369-395C62CC364F_cx0_cy5_cw0_w800_h450.jpg)
Германскиот циркус Ронкали е првиот циркус во светот кој вистинските животни во нивните циркуски точки ги замени со нивни реалистични холограми, објавија повеќе светски медиуми, повикувајќи се на „Сајанс рипортер“.
Циркусот користи специјални рефлектори, проектори и друга модерна технологија и без вистински животни прави вистински спектакл за своите гледачи.
Според магазинот, овој циркус, кој постои со децении, со овој потег се вклучил во глобалната борба за заштита на животните и нивните права и спасил многу животни од кафез и „живот во затвор“.