Пендаровски очекува ЕУ без одлагање да одреди датум за преговори
![Пендаровски очекува ЕУ без одлагање да одреди датум за преговори](https://gdb.rferl.org/81AFE8F7-F7DA-444B-9254-54E9ADF74501_cx0_cy4_cw45_w800_h450.jpg)
Претседателот Стево Пендаровски денеска порача дека од ЕУ очекува лидерство и решителност и без одлагање да биде одреден датумот за преговорите за членство на земјата. Тој во обраќањето на регионалната конференција „Проширувањето на Европската унија на крстопат“ на Подгоричкиот клуб во Скопје истакна дека тоа е добитна комбинација за сите засегнати страни. Според него, ЕУ треба да остане доследна на високите очекувања што ги создала кај граѓаните.
„Во однос на најтешките прашања ние го направивме нашиот дел, сега останува на Европскиот совет да го направи својот дел. Да им го даде на нашите граѓани заслужениот датум за отпочнување на пристапните преговори. Секое дополнително одложување на преговорите, ќе ја наруши кредибилноста на ЕУ, ќе ги демотивира граѓаните, ќе го забави реформскиот процес и негативно ќе влијае на стабилноста на целиот регион“, рече Пендаровски.
Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи порача дека земјата направила големи чекори кон стратешката цел и испорачала конкретни и одржливи резултати.