Двајца полицајци кои не биле на должност застрелале дете во Украина
![Двајца полицајци кои не биле на должност застрелале дете во Украина](https://gdb.rferl.org/D6B58B36-00D0-47D6-8283-CC08807C1FF4_cx0_cy2_cw0_w800_h450.jpg)
Украинскиот јавен обвинител Јуриј Луценко соопшти дека полицајците кои застрелаа пет годишно момче ќе бидат обвинети за убиство, иако првично властите соопштија дека се работи за несреќа. Двајца полицајци додека не биле на должност и во алкохолизирана состојба пукале во алуминиумски конзерви во двор, при што еден од залутаните куршуми го погодил детето, кое живеело во соседната куќа.
Полицајците беа приведени и првично обвинети за хулиганизам и предизвикување телесни повредени, но детето подоцна почина. Шефот на локалната полиција каде работеле обвинетите поднесе оставка од функцијата.