Авганистанскиот претседател во посета на Пакистан на 27 јуни
![Авганистанскиот претседател во посета на Пакистан на 27 јуни](https://gdb.rferl.org/CE7028FE-29B3-4A84-947E-2EFCCDC8976B_cx0_cy10_cw0_w800_h450.jpg)
Авганистанскиот претседател Ашраф Гани ќе го посети Пакистан на 27 јуни во обид да ги подобри билатералните односи меѓу двете земји кои често се нарушени со меѓусебни обвинувања. Гани истакна дека посетата била договорена на средбата со пакистанскиот премиер Имран Кан на маргините на конференцијата на Организацијата за исламска соработка во Саудиска Арабија, минатата недела.
Тој изрази надеж дека посетата ќе биде позитивна. Авганистан го обвинува Пакистан дека им дава засолниште на талибанците, но Гани порача дека се надева оти годините на недоверба може да бидат заменети со соработка кон мир.