Град Скопје им додели чек од шест милиони денари на вардарци
![Град Скопје им додели чек од шест милиони денари на вардарци](https://gdb.rferl.org/773B54A3-9493-415D-B3C5-4D4DCA0AEF7D_w800_h450.jpg)
Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов и претседателката на Советот Љубица Јанчева денеска се сретнаа со ракометарите на РК „Вардар“ и на престедателот на клубот и на играчите им го врачија чекот од шест милиони денари.
"Град Скопје секогаш ќе стои зад европскиот шампион РК „Вардар“ затоа што нема подобар начин за промоција и афирмација на нашиот град. Им благодарам на ракометарите за подарената ракометарска топка со потписи и искажаната благодарност од нивна страна за помошта што Град Скопје ја даде за нивен достоинствен пречек", напиша Шилегов на својот фејсбук профил.
Шилегов објави дека во неформален разговор со кафе и баклава, си ветиле дека ќе се видат и догодина на прослава за нова титула.