Русија негира дека го повлекува персоналот од Венецуела
![Русија негира дека го повлекува персоналот од Венецуела](https://gdb.rferl.org/86CF578B-984E-4B69-8E2F-E7F31E96FADB_cx0_cy4_cw0_w800_h450.jpg)
Кремљ ја негираше изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп и соопшти дека Русија официјално не го известила за активностите на војската во Венецуела, која ја продолжува соработката со социјалистичката влада на Николас Мадуро.Трамп за време на посетата на Лондон изјави дека од Москва добил информации оти Русија ги повлекла повеќето луѓе присутни во Венецуела.
Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков изјави дека не бил во контакт со Трамп за прашањето. Според него, информациите на Трамп најверојатно потекнуваат од медиумите, кои руските власти веќе ги негирале. Песков посочи дека руските воени советници и натаму работат во Венецуела и дека процесот „се одвива според плановите“.