Трамп го пофали новиот трговски договор на САД со Обединетото Кралство
![Трамп го пофали новиот трговски договор на САД со Обединетото Кралство](https://gdb.rferl.org/49DF594B-268E-46FC-B788-84FF8BCA330D_w800_h450.jpg)
Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп денеска на прес конференцијата во Лондон со британската премиерка Тереза Меј рече дека се радува на “феноменалниот” трговски договор со Обединетото Кралство. Според неговата процена во новиот договор има голем потенцијал, односно, како што рече, два до три пати поголем од оној кој им се пружал со сегашниот договор. Меј, која ја напушта позицијата премиерка на Британија в петок рече дека и тие остануваат посветени на трговскиот договор по Брегзит. Одговарајќи на новинарски прашања во врска со протестите против него во Лондон и за опозицискиот лидер Џереми Корбин кој на протестите, Трамп рече дека не го сака и дека го смета за “негативна сила” исто како и градоначалникот на Лондон Садик Кан.