Новиот украински претседател во посета на Брисел
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во Брисел ги почна состаноците со високите претставници на НАТО и на Европската унија. Ова е негова прва странска посета откако е избран за шеф на државата. Планирано е тој да се сретне со претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и да присуствува на комисијата НАТО-Украина. Таа е клучен формат за соработка меѓу Киев и воената алијанса. Актерот комичар без претходно политичко искуство беше инаугуриран на 20 мај откако претходно убедливо го победи неговиот противкандидат Петро Порошенко.