Трамп подготвен да разговара со Иран, не исклучува воена акција
![Трамп подготвен да разговара со Иран, не исклучува воена акција](https://gdb.rferl.org/D6F77CA5-3794-4EFC-9027-475D8E7A02F1_w800_h450.jpg)
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека е подготвен да разговара со иранските власти.
„Иран беше непријателско место кога стапив на функцијата. Тие тогаш беа терористичка нација на прво место во светот, а можеби се и сега“, изјави Трамп за телевизијата 1ТВ за време на неговата посета на Британија.
Трамп додаде и дека секогаш постои шанса за воена акција против Иран, но тој не би сакал да се случи тоа и дека повеќе би сакал да разговара со иранскиот претседател Хасан Рохани. Односите меѓу САД и Иран се затегнати откако Трамп донесе одлука да се повлече од нуклеарниот договор и да воведе нови санкции против земјата.