Кинескиот претседател во посета на Русија на средба со Путин
Кинескиот претседател Кси Џинпинг е во посета на Москва каде ќе се сретне со неговиот руски колега Владимир Путин. Кремљ соопшти дека посета е во знак на новата ера на пријателството и економските односи меѓу двете земји.
Кси ќе присуствува и на економскиот форум кој од утре до 8 јуни се одржува во Санкт Петересбург и чиј домаќин е Путин. Советникот за надворешна политика на Кремљ, Јури Ушаков изјави дека посетата на Кси е значаен настан за билатералните односи на Русија и Кина.