Јанева дала налог за истражување на „бомбите“ на „Ел Чека“
![Јанева дала налог за истражување на „бомбите“ на „Ел Чека“](https://gdb.rferl.org/F13803FF-F544-4B27-8BAB-D7C9EC393234_w800_h450.jpg)
Шефицата на СЈО, Катица Јанева денеска изјави дека дала налог да се истражат „бомбите“ што беа објавени деновиве на Фејбук профилот „Ел Чека“. Таа истакна и деканема информации од каде се обезбедени разговорите.
Јанева за време на сесија за правосудството во Клубот на пратениците посочи и дека СЈО има дел од „бомбите“ кои ги објавил „Ел Чека“. Според неа, не може да гарантира дали бомбите се од СЈО затоа што во овој момент, како што порача, тоа се истражува.