Десетици убиени во насилство против демонстранти во Судан
![Десетици убиени во насилство против демонстранти во Судан](https://gdb.rferl.org/233D48A9-FCFF-4D13-A91B-ABD3686BAD76_cx0_cy10_cw0_w800_h450.jpg)
Четириесет тела беа извлечени од реката Нил во главниот град на Судан, откако трупи и паравоени сили го нападнаа продемократскиот протестен камп, велат активисти. Лекари поврзани со опозицијата денеска изјавија дека телата биле меѓу 100 за кои се верува дека се убиени по нападите врз демонстрантите пред два дена во Картум.
40-те тела биле земени од страна на паравоените сили „Rapid Support Forces“ на непозната локација, според Централниот комитет на суданските лекари.
Преодниот воен совет (ТМЦ) владееше со Судан по соборувањето на претседателот Омар ал-Башир пред скор два месеци по неколкумесечни протести против неговото владеење.