На Криволак започна најголемата вежба досега „Одлучен удар“
![На Криволак започна најголемата вежба досега „Одлучен удар“](https://gdb.rferl.org/083783BA-9E15-4D26-810A-F13619D1C408_cx0_cy7_cw0_w800_h450.jpg)
На армискиот полигон „Криволак“ денеска почна теренската вежба „Одлучен удар“ на кој ќе учествуваат околу 2.700 војници од земјава и од пет држави партнери во НАТО. Вежбата ја отвори заменик министерот за одбрана Беким Максути, во присуство на в.д. амбасадорот на САД Микаела Швајцер-Блум и други гости. Според Максути, „Одлучен удар“ е досега е најголема вежба во која се вклучени и армиите на САД, Литванија, Албанија, Бугарија и Црна Гора.
„Додека се подготвуваме да и посакаме добредојде на Северна Македонија како 30 членка на НАТО, пригодно е што „Одлучен удар“ се случува овде на Криволак. Оваа вежба е моќен пример за тоа како вашите воени сили се подготвуваат да станат сила во НАТО. Подготвена да работи со сојузничките војски на НАТО и да се справува со идните закани. Вежбата исто така е доказ дека Северна Македонија веќе придонесува во Алијансата“, изјави амбасадорката Швајцер-Блум.