Светски лидери им аплаудираа на ветераните од инвазијата Ден Д
Британската кралица Елизабета им се придружи на американскиот претседател Доналд Трамп и германската канцеларка Ангела Меркел, како и други светски лидери на одбележувањето на 75 годишнината од инвазијата Денот Д за време на Втората светска војна.
На церемонијата во англискиот град Портсмут кралицата и останатите светски лидери им аплаудираа на ветераните кои стоеја на огромна бина по прикажувањето на филм за настанот.
На церемонијата присуствуваа и францускиот претседател Емануел Макрон, канадскиот премиер Џастин Трудо, австралискиот премиер Скот Морисон, како и лидери и претставници на власта од други 10 земји. Ден Д инвазијата почна во раните утрински часови на 6 јуни 1944, кога над 150.000 сојузнички сили се истоварија во Нормандија, Франција.