Османи и Димитров утре во посета на Франција
![Османи и Димитров утре во посета на Франција](https://gdb.rferl.org/ADDFD44A-FD66-4FE2-869A-12F1F24BAC69_cx51_cy15_cw48_w800_h450.jpg)
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров утре ќе ја посетата Франција каде ќе разговараат за унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји, како и за процесот на интеграција на нашата земја во ЕУ и НАТО.
Османи и Димитров, како што информира Секретаријатот за европски прашања ќе имаат средби со државниот секретар за европски прашања во француското Министерство за надворешни работи Амели де Моншален, како и со Клеман Бон, советник за Европа во Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон. Посетата се реализира во пресрет на претстојниот состанок на Советот на ЕУ по објавувањето на извештајот за напредокот на земјава кон ЕУ.