Литванскиот министер за одбрана: добро е да се биде со нови сојузници
Фокус на денешната средба и отворањето на воената вежба „Одлучен удар“ на литванскиот министер за одбрана Витаутас Умбрасас и македонскиот заменик министер за одбрана Беким Максути беше билатералната одбранбена соработка, евроатлантските интеграции и стекнатите искуства.
Умбрасас изјави дека е добро да се биде со нови сојузници и оти среќни ја очечуваат земјата во НАТО.
Максути изрази благодарност за брзата ратификација на Протоколот за членство и за поддршката која Литванија и ја дава на Северна Македонија на патот кон НАТО. Тој додаде дека односите со Литванија се од големо значење од аспект на приклучувањето на нашата земја во европските и атлантските структури, а оти особено се важни литванските искуства.