ИД презема одговрност за нападот врз безбедносните сили во Египет
Екстремистичката група Исламската држава презема одговорност за смртоносниот напад врз безбедносните сили во египетскиот Полуостров Синај. Египетското Министерство за внатрешни работи соопшти дека сум полицајци биле убиени во напад на милитанти на контролен пункт рано на 5 јуни во градот Ел-Ариш.
Пет милитанти исто така биле убиени во престрелката, се вели во соопштението. Новинската агенција поврзана со ИД, „Амак“ соопшти дека милитантите започнале истовремени напади врз два полициски контролни пунктови во Ел-Ариш.
Насилството се случи за време на празнувањето во Египет на крајот на светиот месец Рамазан. Египет неколку години се бори против екстремистички исламски милитанти на Полуостровот Синај, а цел на нападите често се безбедносните сили, странски туристи и членови на коптското христијанско малцинство во Египет.