Зеленски ја повика ЕУ да ги зајакне санкциите кон Русија
На вториот и последен ден од неговата посета на Белорусија, новоизбраниот украински претседател Володомир Зеленски ја повика Европската унија да ги интензивира санкциите кон Русија.
По денешните разговори со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, Зеленски и се заблагодари на Европската унија за нејзината „непоколеблива поддршка“ и повика на „зајакнување на санкциите за враќање на мирот во Украина.“
ЕУ воведе санкции кон русија, вклучително замрзнување на имотот и забрана за издавање визи за руски поединци и ентитети, откако Москва ја презема контролата врз украинскиот Полуостров Крим во март 2014 година и започна со поддршка на руските сепаратисти во источна Украина во конфликтот во кој загинаа околу 13.000 луѓе.
Туск изјави дека со неговото прво меѓународно патување како претседател во седиштата на ЕУ и НАТО во Брисел, Зеленски испратил „силен и важен сигнал.“
ЕУ „секогаш ќе биде решена да и помогне на Украина да ја зајакне нејзината демократија и владеењето на правото, борбата против корупцијата, стабилирањето на економијата и да ги следи реформите на енергетскиот сектор“, изјави Туск додавајќи дека блокот ќе остане посветен на суверенитетот на Украина, независноста и територијалниот интегритет.