Зеленски најави одговор за нападите врз украинските војници
Украинските власти соопштија дека во судирите со проруските бунтовници во источниот дел на земјата загинале уште двајца војници, со што бројката на жртви во текот на оваа недела се искачи на шест. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија ја олабавила својата контрола врз бунтовниците кои ги нарече „платеници“.
„Бесрамното прекршување на договорот од Минск и употребата на артилерија ја покажува барем делумната загуба на контролата врз платениците. Се надеваме дека руската страна ќе ја поврати контролата над овие единици", изјави Зеленски.
Тој порача и дека нападот врз украинските вооружени сили е очигледен обид да се прекинат разговорите за постигнување примирје. Според него, без разлика кој ја дал наредбата за напад, украинските сили жестоко ќе возвратат.