Убиени четворица милитанти во индискиот регион Кашмир
Најмалку четворица милитанти, меѓу кои и двајца поранешни полицајци биле убиени во индискиот регион Кашмир за време на операција на безбедносните сили. Инцидентот се случил во реонот Пулвама каде во февруари во самоубиствен бомбашки напад загинаа 40 паравоени полицајци.
Милитантите се верува дека се припадници на Џаиш-а-Мухамед, пакистанска група која ја презема одговорноста за нападот. Пакистан негира дека ги поддржува милитантите во Кашмир, но соопшти и дека го поддржува самоопределувањето на жителите на регионот од морални и дипломатски причини. Спорниот регион Кашмир е поделен меѓу Индија и Пакистан.