УНИЦЕФ: Околу 115 милиони момчиња се ожениле додека биле деца
УНИЦЕФ соопшти дека околу 115 милиони момчиња низ светот се ожениле кога биле деца. Од нив, според студијата, едно од 5 деца или 23 милиони стапиле во брак пред да наполнат 15 години. Во студијата се користени податоци од 82 земји и во неа се открива дека таквата пракса е распространета низ бројни земји во Африка, Латинска Америка и Карибите, како и јужна и источна Азија и Пацификот.
Централноафриканска Република има најголема стапка на оженети машки деца, околу 28 отсто, потоа следи Никарагва со 19 проценти и Мадагаскар со 13 отсто. Новите бројки покажуваат дека вкупно бројката на женски и машки деца кои стапиле во брак изнесува околу 765 милиони.