Путин: Соработката меѓу Русија и Кина клучна за глобалната стабилност
Рускиот претседател Владимир Путин на меѓународниот економски форум во Санкт Петерсбург изјави дека соработката меѓу Русија и Кина е од суштинско значење за глобалната стабилност.
Говорејќи пред кинескиот претседател Кси Џинпинг, тој посочи и дека Москва е отворена да работи со сите земји, вклучително и САД. Според него, сите земји во светот ќе се соочат со големи проблеми доколку продолжи трговската војна меѓу Кина и САД и дека Русија ги поддржува демократските економски односи.