Вучиќ и Тачи со различни толкувања за косовското прашање
Српскиот и косовскиот претседател Александар Вучиќ и Хашим Тачи денеска во Братислава, во рамки на меѓународната конференција „Глобсек“ говореа за дијалогот за нормализација на односите меѓу двете земји.
Вучиќ изјави дека Приштина и Србија имаат различни толкувања за територијата на Косово и дека тој е песимист за постигнување на договор со Приштина. Но тоа, според него, не значи дека нема да стори сé за одржување на мирот и стабилноста во регионот и дека ќе се обиде да најде некое решение .
Хашим Тачи, од друга страна, смета дека договор може да се постигне оваа година и дека тој мора да биде сеопфатен и меѓународно признаен. Тој оцени дека маратонскиот процес на дијалогот е во криза поради „непотребното условување” од Белград за укинување на таксите, но оти тој верува дека следните денови и недели, до состанокот во Париз, ќе бидат одлучувачки за позитивниот