Поддршка од Словачка за отворање на преговори со ЕУ
Словачка силно го поддржува проширувањето на ЕУ и отворањето на преговорите за Северна Македонија, рече словачкиот министер за надворешни работи, Мирослав Лајчак на средбата со министерката за одбрана Радмила Шекеринска во Братислава.
Лајчак истакна дека Словачка ќе стори сè да ја прошири пораката дека отворањето на преговорите со нашата земја би бил стратешки исправен потег на ЕУ.
Шекеринска и Лајчак имаа билатерална средба за време на одржувањето на GLOBSEC форумот во Братислава, на кој се дискутираше за иднината на ЕУ и НАТО.