Од 2020 година туристи ќе можат да ја посетуваат Меѓународната вселенска станица
НАСА објави дека од 2020 ќе им овозможи на туристите да ја посетуваат Меѓународната вселенска станица , со што се укинува долгогодишната забрана за приватни летови до ова вселенско летало.
Првите приватни космонаути ќе може да престојуваат на Меѓународната вселенска станица до 30 дена и до неа ќе патуваат исклучиво во американски летала. Еден ден на станицата би чинело 35 000 долари Годишно се планира да бидат изведени две приватни мисии , рече заменик директорот на НАСА, Робин Гатенс.
Инаку , првиот дел од Меѓународната вселенска станица е лансиран во 1998 година , а станицата има постојано екипаж од 2000 година.