Во вторник и среда прскање против комарци во Скопје
Градските служби информираат дека во вторник и во среда на подрачјето на Град Скопје ќе се врши авионска и терестрична дезинсекција против комарци.
„Авионската дезинсекција на подрачјето на Скопје ќе се одвива на 11 јуни во вторник и на 12 јуни среда, во раните утрински часови. Терестричната дезинсекција на подрачјето на Скопје ќе почне на 12 јуни и ќе заврши најдоцна до 15 јуни (од среда до сабота), во периодот од 23 до 04 часот, наредниот ден“, соопштија од Град Скопје.
Доколку временските услови во наведените денови не се поволни, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога времето ќе биде поволно, во истиот термин, а во согласност со тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.
Од Град Скопје апелираат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.