Министер и кандидат за британски премиер призна дека како млад неколку пати земал кокаин
![Министер и кандидат за британски премиер призна дека како млад неколку пати земал кокаин](https://gdb.rferl.org/2AF005B9-1AB7-493C-ADE9-25CA89B765DF_cx0_cy5_cw0_w800_h450.jpg)
Кандидатот за иден премиер на Велика Британија и за лидер на Конзервативната партија Мајкл Гоув призна дека во неколку наврати, кога бил млад, земал кокаин и потенцираше оти жали поради тоа.
„Неколкупати сум земал кокаин на социјални настани пред повеќе од 20 години. Тогаш бев млад новинар. Беше грешка. Погледнувам на назад и посакувам да не го направев тоа“, изјави Гоув (51), кој е министер за животна средина и храна од 2017 година.
Тој рече дека грешките од минатото не би требало да го дисквалификуваат од трката за наследник на Тереза Меј.