Борис Џонсон нема да плати 39 милијарди фунти ако ЕУ не понуди подобар договор за Брегзит
Поранешниот шеф на британската дипломатија и кадидат за иден британски премиер, Борис Џонсон, изјавил дека ќе одбие да плати „сметка за разводот“ (Брегзит) од 39 милијарди фунти ако ЕУ не понуди подобри услови.
„Велика Британија ќе плати сметка“ вредна 39 милијарди само ако постои поголема јаснотија во постигнувањето на договорот. Отсекогаш сум сметал дека е многу необично да се согласиме да потпишеме чек пред постигнување конечен договор“, изјавил Џонсон во интевју за „Сандеј тајмс“.